Псалми 141
141
ПСАЛМ 141
Молитва Бог да нѐ пази
1 #
5,1-2; 140,6; 142,6 Господи, кон Тебе повикав: слушни ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе! 2#8,3; 134,2; Откр 5,8Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои – како жртва вечерна. 3#39,1Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои; 4не давај да застрани срцето мое кон зло, да врши грешни дела заедно со луѓето, кои вршат беззаконија; јас нема да се гоштевам од нивните наслади! 5#Изреки 9,8; 25,12; 26,6.9Праведниот нека ме казнува, светиот нека ме изобличува, но не давај миро на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба. 6Кога ќе бидат предадени на оние што ќе ги казнат, тогаш ќе сфатат дека моите зборови беа пријатни. 7#53,5Како кога грутка земја ќе падне се растура, така ќе се растурат коските нивни во пеколот. 8Но кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; во Тебе се надевам, не оставај ме без одбрана! 9#31,4Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од примките на оние што вршат беззаконија. 10#7,15; 35,8; Изреки 26,27Грешниците нека паднат во своите мрежи, додека јас да поминам.
Селектирано:
Псалми 141: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: