Псалми 142
142
ПСАЛМ 142
Молитва Давидова кога бил во пештера
1Со гласот свој викам кон Господ, со гласот свој Му се молам на Господ. 2#77,1Ќе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам. 3Ако изнемошти духот мој, Ти ја знаеш мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија. 4#77,3; 143,4; 140,5Се обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познава: нема каде да избегам; никој не се грижи за душата моја. 5Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите. 6#16,5; 91,9Прими ја молитвата моја, зашто многу сум понижен; избави ме од моите гонители, зашто тие се посилни од мене. 7#18,17; 2 Сам 22,18Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Околу мене ќе се соберат праведните, зашто Ти ќе постапиш добро со мене.“
Селектирано:
Псалми 142: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: