Псалми 149
149
ПСАЛМ 149
Сион нека Го фали Господа
1 #
96,1; 98,1; 144,9; Ис 42,10; Откр 5,9 Алилуја! Запејте Му на Господ нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите. 2Нека се весели Израел на Својот Создател; а синовите на Сион нека се радуваат на својот Цар. 3#33,2; 68,25; 81,2; 150,3-4Нека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со лири нека Го слават, 4#147,11; 1 Сам 2,8; Ис 61,9; 62,3-4зашто Господ го сака Својот народ и ќе ги возвиши кротките, спасувајќи ги. 5Ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои. 6#Неем 4,10-12Славословија за Бога ќе има во устите нивни и двоостер меч – во рацете нивни, 7#Зах 9,13-16за да извршат одмазда над народите, за казна над племињата, 8да ги врзат во верига царевите нивни и нивните властелини – со железни окови на рацете; 9да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ќе биде славата за сите Негови светии.
Селектирано:
Псалми 149: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006