Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 2

2
ПСАЛМ 2
Пророкување за царството на Синот Божји и за победата над Неговите непријатели
1 # 83,2-12; Дела; 4,25-27 Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи? 2#18,50; 20,6; 28,8; 84,9; 2 Мојс 30,25; 1 Сам 10,1; 16,1.13; Откр 19,19Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господ и Неговиот Помазаник. 3#149,8„Да ги раскинеме веригите нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.“ 4#37,13; 59,8; 123,1; Ис 40,15-17; 40,21-23; Изреки 1,26Оној, Кој живее на небесата, им се смее, Господ им се подбива. 5Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги вџаши, велејќи: 6#110,2„Јас си поставив Свој Цар на Сион, на Мојата света гора!“ 7#89,26; 2 Сам 7,14; Мт 3,17; 17,5; Лк 3,22; Дела 13,33; Евр 1,5; 5,4; 2 Птр 1,17Ќе ја објавам одлуката Господова, Тој Ми рече: „Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.“ 8#Ис 49,6И побарај од Мене, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краи­ш­тата на земјата – во Твое владеење. 9#68,21; 110,5-6; Ис 30,14; Дан 7,14; Откр; 2,26-27; 12,4; 19,14Ти ќе ги пасеш со железен жезол; ќе ги разбиваш како грнчарски сад. 10И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни! 11#72,11; Дан 7,14; Евр 12,28Служете Му на Господ со страв и со трепет. 12#34,8; 118,8-9Почитувајте Го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не поги­нете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои кај Него прибегнуваат.

Селектирано:

Псалми 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се