Псалми 21
21
ПСАЛМ 21
Благодарност за победите во минатото
1 #
63,11
Господи, со Твојата сила се весели царот и за спасението од Тебе безмерно се радува! 2#20,4; 37,4Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли, 3#2 Сам 12,30; Ест 1,11зашто Ти го пресретна со добри благослови, му стави на главата круна со скапоцени камења. 4#61,6-7; 91,16; 1 Цар 1,31; 3,13; 2 Цар 20,1-7; Ис 38,1-20; Изреки 9,11; Дан 2,4; Неем 2,3Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долг живот во векови. 5#45,3; 96,6Голема е славата негова поради помошта од Тебе; Ти го покри со чест и величие. 6#72,17; 1 Мојс 12,2-3Ти положи на него вечен благослов, развеселувајќи го со радоста на лицето Твое, 7зашто царот се надева на Господ и поради милоста на Севишниот нема да потклекне. 8Раката Твоја ќе ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ќе ги најде сите што Те мразат. 9#2 Сам 23,6-7; Ис 33,11-12; Ос 7,7; Мал 3,19Кога ќе се појавиш, ќе ги направиш како огнена печка; гневот Господов ќе ги погуби, и оган ќе ги проголта. 10#109,13; Јов 18,19Ти ќе го уништиш плодот нивни од Земјата, и семето нивно – меѓу човечките синови. 11Ако смислат против Тебе зло и се договораат, – не ќе можат ништо да направат. 12#18,40Ти ќе ги натераш во бегство, а од Твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно. 13#57,5-11Издигни се, Господи, со Твојата сила! Ние ќе ја воспеваме и ќе ја прославуваме Твојата моќ.
Селектирано:
Псалми 21: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006