Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 25

25
ПСАЛМ 25
Молитва за заштита
1 # 86,4 Кон Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја. 2#22,5; 40,14-15; Ис 49,23; 50,7Боже мој, во Тебе се надевам, да не се посрамам, да не ликуваат над мене непријателите мои, 3да не се посрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што со леснотија изневеруваат. 4#27,11; 86,11; 119,12.27.33; 143,8Покажи ми ги, Господи, патиш­тата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. 5#Јн 14,4-6; 16,13Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. 6Спомни си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. 7#79,8; 106,4; Ис 64,8; Јов 13,26Гревовите на младоста моја и пре­стапите мои не споменувај ги; по милос­та Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи! 8Добар и праведен е Господ, греш­ниците ги изведува на пат, 9ги упатува понизните кон правда и ги учи понизните на Своите патишта. 10#85,9-10Сите патишта Господови се ми­лост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и уредбите Негови. 11Заради Твоето име, Господи, прости ми го гревот мој, зашто е голем. 12#Изреки 19,23Кои се тие што имаат страхопо­чит кон Господ? Ним Тој ќе им покаже кој пат да го изберат. 13#37,9.29; Ис 57,13; 60,19Нивната душа ќе почива во добро, нивното семе ќе ја наследи земјата. 14Близок им е Господ на оние што имаат страхопочит кон Него; ним им го открива заветот Свој. 15#31,4; 123,1; 141,8Очите мои секогаш се кон Господ, зашто Тој ги вади од стапица нозете мои. 16#86,16; 119,132Погледни на мене и смилувај се на мене, зашто сум самотен и во мака. 17Скрбите на срцето мое олесни ми ги; извади ме од мојата потиштеност. 18#32,5; 85,2; 119,153Погледај ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои. 19Погледај ги моите непријатели, колку многу се намножија и колку многу ме мразат! 20Запази ја душата моја и избави ме, за да не се посрамам, зашто во Тебе се надевам. 21Непорочноста и правдата нека ме чуваат, зашто во Тебе се надевам, Господи. 22Избави го, Боже, Израел од сите неволји негови.

Селектирано:

Псалми 25: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се