Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 31

31
ПСАЛМ 31
Молитва за помош во немирни времиња
1Кај Тебе, Господи, се засолнувам, о да не се посрамам никогаш; според пра­ведноста Своја спаси ме. 2#18,2; 71,1-3Приклони го увото Твое кон мене, побрзај да ме избавиш. Биди ми Бог заштитник и прибежиште за да се спа­сам. 3Зашто Ти си карпа моја и крепост моја, заради името Твое поведи ме и управувај со мене. 4#18,2; 23,3; 25,11; 79,9; 106,8; 109,21; 143,11; Ис 48,9; Ер 14,7.21; Ез 20,9.14; 20,21.43Изведи ме од оваа стапица, која потајно ми ја поставија, зашто Ти си мој заштитник. 5#25,15; 142,7Во Твоите раце го предавам духот свој; Ти си ме откупил, Господи, Боже на вистината. 6#Лк 23,46; Дела 7,59; 1 Птр 4,19Не ти се мили оние што почитуваат ништожни идоли, но јас имам верба во Господ. 7#4,2; 5 Мојс 32,21; Ер 8,19; 10,8Ќе се радувам и ќе се веселам поради Твојата милост, зашто Ти погледна на маката моја и ја спаси од патила ду­шата моја, 8и не ме предаде во рацете на непријателите мои; нозете мои ми ги постави на чистина. 9#18,19; 118,5Смилувај се кон мене, Господи, заш­то сум потиштен од скрб: ми се исушија од тага окото мое, душата моја и утробата моја. 10#6,7Го минувам во жал животот мој, и годините мои – со воздишки; изнеможе силата моја, и коските мои се свиткаа. 11Пред сите непријатели мои станав за прекор, дури и пред соседите мои, а и плашило за познатите мои; оние што ќе ме видат на улица, бегаат од мене. 12#38,11; Јов; 19,13-19Заборавен како мртовец сум во ср­цата на луѓето; станав како скршен сад, 13бидејќи чув дека мнозина околу мене погубно шепотат, и кога ќе се соберат заедно, се договораат и душата моја да ми ја одземат. 14#41,5; Ер 6,25; 20,9Јас, пак, имам верба во Тебе, Господи, и велам: Ти си мој Бог. 15#22,10; 63,1Дните мои се во Твоите раце; изба­ви ме од рацете на непријателите мои и од гонителите мои. 16Нека засветли лицето Твое над слугата Твој; спаси ме поради Твојата ми­лост. 17#4,6; 67,1; 80,3.7.19; 119,135; 4 Мојс 6,25Господи, не допуштај да се посрамам, поради тоа што кон Тебе пови­кав; нечестивите нека се посрамат и нека замолкнат во светот на мртвите. 18Да онемеат лажливите усти, што говорат лошо против праведниот со горделивост и презир. 19Колку е голема добрината Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои имаат страхопочит кон Тебе, и што си ја приготвил за оние, кои имаат верба во Тебе пред очите на синовите чо­вечки! 20Ќе ги сокриеш под покривот на лицето Свое од човечките завери, ќе ги заклониш од нападите на јазиците противнички. 21#27,5; 109,3; Јов 5,21; Откр; 7,15-16Нека е благословен Господ, зашто ја пројави кон мене Својата чудесна милост кога бев обиколен како град под опсада! 22Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но Ти го слушна гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе. 23#Јона 2,5Љубете Го Господа сите светии Негови, зашто Господ ги чува верните Свои, а им отплатува на оние, кои гордо постапуваат. 24#37,34-35Бидете силни и нека крепне срцето ваше, сите вие што имате верба во Господ!

Селектирано:

Псалми 31: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се