Псалми 32
32
ПСАЛМ 32
Блаженство поради простени гревови
1 #
25,18; Јн 1,47; Рим 4,6-8 Блажени се оние, чии престапи им се простени, и чии гревови се покриени! 2Блажен е оној човек, кого Господ не го смета за виновен, и во чиј дух нема измама! 3#31,10Додека молчев, се сушеја коските мои од секојдневното мое воздишување, 4бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, се сушев како на летен припек. 5#51,4; 2 Сам 12,13; Јов 31,33; 1 Јн 1,9.10Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „Ќе Му ги исповедам на Господ моите престапи,“ и Ти ми ја прости вината на гревот мој. 6Затоа секој побожен човек нека Ти се моли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне. 7Ти си мое прибежиште, од маката со која сум опкружен Ти ќе ме избавиш; ќе ме опкружиш со спасоносни звуци. 8#33,18„Ќе те вразумам,“ – вели Бог – „Ќе ти го покажам патот, по кој да одиш; ќе бдеат очите Мои над тебе.“ 9„Не бидете како коњ или како маска, кои немаат разум, чија дивина со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат.“ 10Многу маки ќе го снајдат грешникот; но оној кој има верба во Господ, него милост ќе го опкружува. 11#33,1Веселете се во Господ и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте со чисти срца.
Селектирано:
Псалми 32: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: