Псалми 41
41
ПСАЛМ 41
Жалење поради лоши непријатели и неверни пријатели
1Блажен е оној што се грижи за бедните! Во злочест ден Господ ќе го избави. 2#Изреки 14,21Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов. 3#27,12Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова. 4А за себе, јас повикав: „Господи, смилувај се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе!“ 5#6,2; 30,2Непријателите мои во злоба се распрашуваат за мене: „Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово!?“ 6#31,11-13; 38,16-19; Ер 20,10И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа. 7Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло: 8„Смртна болест го фатила; кој еднаш легне, веќе нема да стане!“ 9Дури и пријателот мој, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене. 10#38,11; 55,13; Мк 14,18; Јн 13,18А Ти, Господи, смилувај ми се, исправи ме, та да им возвратам. 11По тоа ќе дознаам дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене; 12а мене, пак, ме прифати поради мојата незлобивост и зацврсти ме пред Себе вечно. 13Нека е благословен Господ, Бог Израелов, од века до век! Амин, амин!
Селектирано:
Псалми 41: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006