Псалми 55
55
ПСАЛМ 55
Молитва за помош против лажни браќа
1 #
17,1; 86,6 Чуј ја Боже, молитвата моја и не криј се од моето молење; 2погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја 3и збунет сум од гласот на непријателите, од притисокот на грешниците, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев разгоруваат непријателство против мене. 4Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна; 5#Јов 4,14страв и трепет ме сполетаа, и стравотии ме обзедоа. 6И јас реков: „Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам; 7#Ер 9,1; Откр 12,6далеку би отишол и би се сместил во пустината; 8би побрзал да си најдам засолниште од бурата и виорот. 9#Ер 5,1; 6,5; Ез 22,2; Соф 3,1Смути ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.“ 10Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има; 11а не недостасува ни измама и лукавство по улиците негови. 12Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев; 13#41,9; Ер 9,3.7; Мт 26,21-24но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, другар мој и пријател мој, 14со кого радосно се дружев и сме оделе заедно во Божјиот дом! 15#49,14; 4 Мојс 16,33; Ис 5,14; Изреки 1,12Смртта нека дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто пакост има среде нив, во живеалиштата нивни. 16Јас, пак, Бога ќе Го повикам, и Господ ќе ме слушне. 17#Дан 6,11Навечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Тој ќе го чуе гласот мој, 18ќе ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што се против мене, 19#29,10; 93,2Бог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно царува, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога. 20Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет. 21#5,9; 28,3; 57,4; Изреки 12,18Говорот им е мек како кајмак, а во срцето им е непријателство; зборовите им се како масло, но тие се стрели. 22#1 Птр 5,7Пренеси ја на Господ маката своја, и Тој ќе те поткрепи. Тој нема да дозволи праведниот човек да пострада. 23#25,2; 56,4; 102,24; Ис 38,10; Изреки 10,27Ти, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и измамниците нема да поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, во Тебе се надевам!
Селектирано:
Псалми 55: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: