Псалми 56
56
ПСАЛМ 56
Молитва за утеха
1 #
1 Сам 21,11-13
Смилувај се Боже, на мене, луѓето ме газат, напаѓајќи секој ден, душманот ме притиска. 2Моите непријатели по цел ден ме газат, зашто мнозина се оние, кои ме напаѓаат. 3Кога страв ќе ме спопадне, во Тебе се надевам, Севишен. 4Божјото ветување го славам; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек? 5Секој ден ги извртуваат зборовите мои; сите нивни мисли упатени против мене се зло. 6Се собираат и се кријат, ги набљудуваат чекорите мои, упорно работат против мојот живот. 7Плати им за нивниот злочин со гнев Боже, собори ги народите! 8#Ер 18,23Ти ги броеше моите маки, солзите мои ги собираше во мешина. Зар не е сѐ запишано во Твојата книга? 9#2 Цар 20,5; Ис 25,8; Откр 7,17Непријателите мои ќе се вратат назад, секогаш кога Те призовувам; по тоа знам дека Бог е за мене. 10#9,3; 118,6-7; 124,1-2Божјото ветување го славам; се фалам за зборот Господов, 11во Бога имам верба, не се плашам; што може да ми направи човекот? 12#118,6; Евр 13,6Ме обврзуваат, Боже, ветувањата што Ти ги дадов; благодарствени молитви ќе Ти упатам. 13#27,13; 116,9; 3 Мојс 7,11-12Зашто Ти ја избави душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да одам пред Бога во светлината на живите.
Селектирано:
Псалми 56: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: