Псалми 58
58
ПСАЛМ 58
Бог е судија на Земјата
1Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови? 2#82,2; 5 Мојс 16,19; Мих 2,1Во срцето свое кроите беззаконие, вашите раце плетат насилство на Земјата. 3Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага. 4Јароста им е како змиски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои, 5#140,3; 5 Мојс 32,33и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето. 6#Проп 10,11Бог нека им ги скрши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски! 7#3,7; 35,17; 57,4Нека се разлијат како вода што истекува; како изгазена трева нека се исушат! 8#37,2; 2 Сам 14,14; Јов 11,16; 14,11; 18,14Како полжав што се топи да се растопат, како пометнат плод, сонце да не видат никогаш! 9#Јов 3,16; Проп 6,3-4Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње, сирово или суво, виор нека ги однесе! 10#Ос 13,3; Наум 1,10; Јов 21,18; 27,21Ќе се зарадува праведниот, кога ќе ја види одмаздата над безбожниците; ќе ги мие нозете свои во крвта на грешникот. 11#35,27; 52,6; 68,23И ќе рече човекот: навистина има награда за праведниот! Навистина има Бог, Кој суди на Земјата!
Селектирано:
Псалми 58: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006