Псалми 71
71
ПСАЛМ 71
Молитва за милост Божја во староста
1 #
25,2; 31,1-3 Кај Тебе Господи, се засолнувам, не допуштај да бидам посрамен никогаш! 2Избави ме поради праведноста Своја и спаси ме; приклони го увото Свое кон мене и спаси ме. 3Биди ми карпа за мое прибежиште, изведи ме на место сигурно – зашто Ти си моја крепост и мое прибежиште. 4#140,1Боже мој, избави ме од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот, 5зашто Ти си моја надеж, Господи, моја верба од младоста моја. 6#22,9; Ер 17,14За Тебе цврсто се држам од раѓањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми утроба; за Тебе вечно ќе пеам. 7#31,11; Ис 52,14; Ез 12,6.11; 24,24.27За многумина бев како некое чудо, но Ти си мојот силен помошник. 8Полна ми е устата со похвала, и со песна ја величам славата Твоја; и цел ден да пеам за Твоето велелепие. 9#22,11.19Не отфрлај ме на старост, кога ќе почне силата моја да исчезнува, не напуштај ме, 10зашто непријателите мои зборуваат против мене; и оние, кои ја демнат душата моја, се договараат меѓу себе, 11#3,2; 22,8; 69,26велејќи: „Го остави Бог; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го избави.“ 12#22,11; 38,22; 40,13; 70,1Боже мој, не оддалечувај се од мене; Боже мој, побрзај ми на помош! 13#35,4; 40,14Да се посрамат и да исчезнат оние што ја клеветат душата моја; да поцрвенат и се засрамат оние, што ми сакаат зло. 14Јас, пак, секогаш ќе се надевам во Тебе и ќе Те славам сѐ повеќе. 15#40,5; 139,17-18Устата моја ќе разгласува за Твоите праведни дела, и секој ден за делата на спасението од Тебе, зашто не им го знам бројот. 16Ќе влезам славејќи ги моќните дела на Господ Бог; ќе ја величам Твојата праведност – само Твојата. 17#129,1-2; Ис 46,3-4; Ер 2,2; Ос 2,17Боже, Ти ме поучуваше од младоста моја, и јас сѐ досега ги објавувам чудесата Твои. 18#22,30И во староста, кога ќе обелам, Боже, не напуштај ме, за да ја објавувам мишката Твоја, силата Твоја и правдата Твоја на сегашниот род и на идниот, 19силата Твоја и правдата Твоја, Боже, досега дури до вишното небо, преку која изврши големи дела, Боже. Кој е сличен на Тебе? 20Колку големи и тешки маки ми прати, но Ти пак ќе ме оживееш, и пак ќе ме изведеш од земните длабочини. 21Ќе ми го зголемиш достоинството и пак ќе ме утешиш. 22#92,3И јас ќе ја славам на харфа Твојата верност, Боже мој; ќе Те воспевам на лира, Светецу Израелов! 23Ќе се радува устата моја, кога ќе Ти пеам, и душата моја, која си ја избавил. 24#35,26И јазикот мој секогаш ќе зборува за Твојата правда, кога ќе поцрвенеат и ќе се засрамат оние, кои ми пожелуваа зло.
Селектирано:
Псалми 71: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006