Псалми 73
73
ТРЕТА КНИГА
ПСАЛМ 73
Вечна правда
1Колку е добар Бог кон Израел, кон оние што се со чисто срце! 2А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, – 3#37,1; Јов; 21,13-26зашто им позавидев на беззакониците, гледајќи го напредокот на грешниците, 4зашто не страдаат, нивните тела се цврсти и јадри. 5Немаат маки како другите, човечки неволји не ги засегаат. 6Затоа горделивоста им е како веришка околу вратот, а насилството им е облека. 7#17,10; 119,70; 5 Мојс 32,15; Ер 5,28; Јов 15,27Очите им се подуени од сало, а од срцата им се излеваат безумија. 8Се подбиваат и злобно зборуваат, се закануваат надмено со насилство. 9Ја креваат устата против небото, а јазикот нивен ја обиколува земјата. 10Затоа народот Мој по нив се залетува, и мана не им наоѓа. 11#10,11И вели: „Како ќе дознае Бог, и има ли знаење во Севишниот?“ 12Ете, такви се грешниците, секогаш спокојни, богатство напластуваат. 13#26,6; Мал 3,14И си реков: зар залудо го чував чисто срцето свое и во невиност ги миев рацете свои? 14И се изложував на непријатности секој ден и на срам секое утро? 15Но ако речев: ќе расудувам и јас така, – тогаш ќе го изневерев родот на Твоите синови. 16И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене, 17#119,130сѐ додека не влегов во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај. 18Навистина, си ги поставил на лизгаво место, на пропаст ги соборуваш! 19Како пропаднаа, како ненадејно исчезнаа и загинаа однесени од ужасот! 20#49,14Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди, така, Ти, Господи, ќе ги презреш нив, кога ќе се разбудат! 21Кога душата ми беше огорчена, кога се јадосував однатре, 22безумен бев и не разбирав, како добиче бев пред Тебе. 23Но јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја, 24#16,10ме водиш со советот Свој и ќе ме примиш во Твојата слава. 25Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо друго не барам. 26#16,5Може да изнемошти срцето мое и телото мое; но Бог е сила на срцето мое и наследството мое. 27Зашто, ете, оние, што се оддалечуваат од Тебе, пропаѓаат; Ти го истребуваш секого, кој отстапува од Тебе. 28А мене ми е добро да сум до Бога, на Господ ја полагам надежта моја, за да ги раскажувам сите дела Твои.
Селектирано:
Псалми 73: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: