Псалми 74
74
ПСАЛМ 74
Молба за помош
1Зошто, Боже, нѐ отфрли засекогаш? Зошто гневот Твој се разгоре на овците од Твоето пасиште? 2#2 Мојс 15,17; 5 Мојс 7,6; Ис 63,17; Ер 10,16Сети се на Твојот народ, кого уште од порано го придоби, ги избави со жезолот како наследство Твое, и на гората Сионска, на која Ти се насели! 3#Ис 51,19Зачекори кон вечните урнатини, непријателот уништи сѐ во светилиштето Твое. 4Твоите непријатели викаа во Твоето Собрание, поставија свои знаци таму. 5Мафтаа и кршеа со секири кај горниот влез, 6со секира и дрвен чекан ги искршија дрвените резби; 7#2 Цар 25,9; Ис 64,10го запалија со оган Твоето светилиште, го осквернија местото, на кое името Твое престојува, до земја го разурнаа. 8Рекоа во срцата свои: „Ајде докрај да ги истребиме!“ И ги изгореа сите Божји светилишта во земјата. 9#77,8; Ез 7,26; Плач 2,9Знаците свои не ги гледаме, нема повеќе ни пророк, и никој од нас не знае, до кога? 10#6,3; 89,46До кога, Боже, ќе се гордее над нас непријателот? Вечно ли противникот ќе го презира името Твое? 11#Ис 52,10Зошто ја повлекуваш раката Своја и десницата Своја во пазувите Свои ја криеш? 12Но Бог, Царот мој е уште од пред вековите, Тој приготвува спасение среде Земјата! 13#89,9-10; Ис 51,9-10; Јов 7,12Боже, со силата Своја Ти го расече морето и ги сотре главите на водните страшила. 14#Јов 3,8Ти му ја здроби главата на Левијатанот и им ја даде како храна на пустинските животни. 15#2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис.Н. 3Ти ги отвори изворите и потоците, ти ги исуши реките непресушни. 16Твој е денот и Твоја е ноќта: Ти ги постави светилата и сонцето; 17Ти ги создаде сите граници на Земјата, летото и пролетта Ти ги определи. 18Сети се сепак на ова; непријателот Го навреди Господа; луѓе безумни го презираат Твоето име. 19Не предавај ја на ѕверовите душата на Својата грлица; не заборавај ги засекогаш душите на сиромасите Твои. 20Погледај на Својот завет, зашто сите мрачни домови по земјата се исполнија со беззаконици. 21Да не се врати посрамен потиснатиот; сиромавиот и бедниот нека го прославуваат Твоето име. 22Стани Боже, според правдата Своја пресуди; сети се како секој ден Те хули безбожникот. 23Не заборавај ја викотницата на Твоите непријатели, буната на оние што Те мразат, која постојано се крева против Тебе.
Селектирано:
Псалми 74: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: