Псалми 83
83
ПСАЛМ 83
Молитва за помош против непријателите на Израел
1Не премолчувај, не оглушувај се и не мирувај, Боже! 2#44,23; 50,3; 109,1Зашто ете Твоите непријатели вреват, а оние што Те мразат, кренаа глава; 3против Твојот народ зло наумија и се советуваат против Твоите приврзаници; 4#Ер 11,19рекоа: „Да одиме и да го истребиме меѓу народите, па да не се спомнува повеќе името Израел!“ 5Се договорија еднодушно, склучија против Тебе сојуз; 6шаторите на Едом и Јишмаелците, на Моав и Агарјаните; 7Гевал, Амон, Амалик и Филистејците со оние што живеат во Тир, 8бидејќи и Ашур се придружи кон нив, па станаа помош за синовите Лотови. 9Направи им го истото, како што им направи на Мидјаните, како и на Сисера, како и на Јавин кај потокот Кишон, 10#2 Мојс 2,15; Суд 4–5; Ис 9,3; 10,26кои беа истребени во Ен-Дор и станаа ѓубриво за земјата. 11#Ер 8,2Постапи со нив, со нивните кнезови, како со Орев и Зев и со сите нивни кнезови, како со Зевеја и Салмана, 12#Суд 7,25; 8,9-20бидејќи рекоа: „Да го присвоиме за себе светилиштето Божјо!“ 13Боже мој, заповедај да станат како виор и како плева пред ветар; 14#58,9; Ис 17,13; 29,5; Јов 27,21како оган што изгорува дубрави, и како пламен што запалува гори, 15#Ис 5,24; 10,17; Ез 21,3така и Ти подгони ги со Својот виор, застраши ги со Својот гнев! 16#Ер 25,32Исполни ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи! 17Да се засрамат и да се збунат засекогаш, да се посрамат и да загинат, 18#46,11; 97,9; Ис 42,8и да познаат дека Ти си Тој, чие име е Господ и дека Ти си единствен Севишен над целата Земја.
Селектирано:
Псалми 83: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: