Псалми 84
84
ПСАЛМ 84
Копнеж за светилиште
1 #
8,1
Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите! 2Копнее душата моја, сакајќи да е во Господовите дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог. 3#42,2.8; 122,1И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги положи пилињата свои, при олтарите Твои, Господи на силите, царе мој и Боже мој! 4#5,2Блажени се оние, кои живеат во домот Твој; тие постојано Те фалат. 5Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои. 6Преминувајќи ја Сушната Долина, тие ја претвораат во извори, и дожд ја покрива со вирови; 7#Ез 34,26; Јоил 2,23минуваат од сила во сила, додека не Го видат Бога, на Сион. 8Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов! 9Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник! 10Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе би сакал да стојам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во шаторите на нечестието. 11Бидејќи Господ Бог е сонце и штит, Тој дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно. 12#47,9; 89,18Господи на силите, блажен е оној човек, кој се надева во Тебе!
Селектирано:
Псалми 84: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: