Псалми 89
89
ПСАЛМ 89
Утеха за Давидовиот дом во дадениот завет од Бога
1Милоста Твоја, Господи, вечно ќе ја воспевам, од род во род ќе ја разгласувам со устата своја Твојата вистина. 2Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата верност. 3„Јас поставив завет со Моите избраници, му се заколнав на Мојот слуга Давид: 4#2 Сам 7,12-16; 23,5; Дела 2,30за вечност ќе го одржувам твоето потомство, од род во род и ќе го утврдувам твојот престол.“ 5И небото ќе ги прославува, Господи, Твоите чудесни дела и Твојата вистина во собранијата на светиите. 6Зашто, кој на облаците ќе се споредува со Господ и кој од синовите Божји ќе се изедначи со Господ? 7#29,1; 82,1; Јов 1,6Во соборот на светиите Бога Го прославуваат; велик е и страшен за сите што се околу Него. 8Господи, Боже на силите, кој е моќен како Тебе? Силен си Ти, Господи, и верноста Твоја Те опкружува. 9#86,8Ти управуваш со силата на морето и силните бранови негови Ти ги скротуваш. 10#65,7; Јов 7,12Ти го скрши Рахав како труп, со Твојата крепка рака ги распрсна непријателите Свои. 11Твои се небесата и Твоја е Земјата; вселената и она што ја исполнува, Ти си ги основал. 12#24,1-2Север и југ Ти си ги создал; Тавор и Ермон за Твоето име се радуваат. 13Силна е Твојата мишка, цврста е раката Твоја, високо е издигната десницата Твоја! 14Праведноста и правдата се основа на Твојот престол; милоста и верноста одат пред Твоето лице. 15#85,10; 97,2; 2 Мојс 34,6-7Блажени се луѓето што го познаваат трубниот глас. Тие одат во светлината на Твоето лице, Господи; 16#47,1за Твоето име се радуваат цел ден и со Твојата праведност се возвишуваат, 17зашто Ти си похвала на силите нивни и со Твоето благоволение се издига нашиот рог, 18бидејќи нашата заштита доаѓа од Господ и од светецот Израелов, нашиот Цар. 19#47,9; Ис 6,3Некогаш Ти си им зборувал на Твоите верни во видение и си рекол: „Јас му дадов помош на силниот, го издигнав избраникот меѓу Мојот народ. 20#132,11-12; 2 Сам 7,8-16Го најдов Мојот слуга Давид; со своето свето масло го помазав. 21#78,70; 1 Сам 16; Дела 13,22Раката Моја ќе остане со него, и мишката Моја ќе го закрепнува. 22#Ис 42,1Непријателот не ќе може ништо да му направи, и синот на беззаконието нема да го собори. 23Ќе ги уништам пред него непријателите негови и ќе ги победам оние што го мразат. 24И Мојата верност и Мојата милост се со него, и преку Моето име ќе се возвишува неговиот рог. 25И ќе ја положам над морето раката негова, и над реките – десницата негова. 26Тој ќе ме повикува: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение. 27#2,7; 2 Сам 7,14; Ер 3,19; Јн 20,17И Јас ќе го направам првороден син, повисоко од земните цареви, 28#Кол; 1,15-18; Откр 1,5засекогаш ќе му ја зачувам Мојата милост и Мојот завет со него ќе биде верен. 29#Ис 55,3И ќе го продолжам засекогаш неговото потомство и неговиот престол, – колку деновите на небото. 30Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди; 31ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите наредби, 32тогаш ќе го казнувам со жезолот нивното престапништво, и со рани – нивното беззаконие; 33#2 Сам 7,14но милоста Своја нема да ја отстранам од него и верноста Своја нема да ја изневерам. 34Нема да го повредам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја. 35#Ер 33,20-21Еднаш се заколнав во светоста Своја: нема да го лажам Давид! 36#110,4Неговото потомство вечно ќе пребива, неговиот престол ќе биде како сонце пред Мене, 37засекогаш ќе стои како месечината, верен сведок на небото.“ 38#72,5.7; Откр 1,5Но Ти го отфрли и го презре, се разгневи на Твојот помазаник; 39го разруши заветот со Твојот слуга, ја оскверни круната негова во земниот прав; 40ги разруши сите негови огради, ги претвори во урнатини неговите крепости. 41#80,12-13Го ограбуваат сите што поминуваат по патот; тој стана за потсмев на своите соседи. 42#31,11; 44,13; 79,4; 109,25Ти ја возвиши десницата на неговите противници, ги зарадува сите непријатели негови; 43Ти му откажа помош на мечот негов и во борбата не го поткрепи; 44ја одзеде од него чистотата и го урна на земја престолот негов; 45ги скрати деновите на младоста негова и го покри со срам. 46До кога, Господи? Ќе се криеш ли непрестајно? До кога ќе гори гневот Твој како оган? 47#79,5Спомни си, колкав е векот мој: за каква суета си ги создал сите синови човечки! 48#39,4Кој од луѓето ќе живее, а смрт да не види? Кој може да се спаси од силата на гробот? 49#90,3-4Каде се Твоите поранешни милости, Господи, за кои му се заколна на Давид во Твојата вистина? 50Сети се, Господи, на подбивите од слугите Твои што ги носам во пазувите свои од многуте народи; 51на подбивите од Твоите непријатели, Господи, со кои ги валкаат чекорите на Твојот помазаник. 52Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин!
Селектирано:
Псалми 89: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: