Псалми 90
90
ЧЕТВРТА КНИГА
ПСАЛМ 90
Бог е вечен, грешните луѓе не се постојани
1Господи, Ти си ни прибежиште од род во род. 2#93,2; 1 Мојс 1,1; Авак 1,12; Изреки 8,25Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на Земјата и на вселената, отсекогаш и засекогаш Ти си Бог. 3#1 Мојс 3,19Го враќаш човекот во прав, и велиш: „Обратете се синови човечки!“ 4#2 Птр 3,8Зашто пред Твоите очи илјада години се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку ноќта. 5#37,2; 103,15-16; Ис 40,6-7; Јов 14,1-2; 20,7Ги однесуваш како сон, како трева што зеленее наутро: 6наутро ќе процути и ќе зазелени, а навечер паѓа и се исушува. 7Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме растревожени. 8Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, нашите скришни гревови се во светлината на лицето Твое. 9Сите наши дни минуваат под Твојот гнев, годините ни свршуваат како здив. 10#1 Мојс 6,3; Проп 10,2-7; 11,1-6; 12,1-7Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и мака, бидејќи брзо минуваат и ние одлетуваме. 11Кој ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши? 12Научи нѐ така да ги броиме нашите дни, па да се здобиеме со мудро срце. 13Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги! 14#17,15Исполни нѐ изутрина со Твојата милост, Господи, за да се зарадуваме и се развеселиме во сите наши дни, 15#4 Мојс 14,34развесели нѐ за оние дни, кога нѐ понизуваше, за годините, во кои видовме зло. 16Нека се видат кај слугите Твои делата Твои, и Твојата славна сила – кај чедата Твои. 17И благоволението на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и дај да ни успеат делата на рацете наши, дај им успех на делата на рацете наши.
Селектирано:
Псалми 90: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: