Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 9

9
ПСАЛМ 9
Благодарствена песна поради спасување од непријателите
1Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свое, ги раскажувам сите чу­деса Твои; 2#26,7; 75,1; 86,12се радувам и се веселам во Тебе, го воспевам името Твое, Севишен! 3#7,17; 92,1Кога се повлекоа непријателите мои, се сопнаа, и погинаа пред Тебе. 4Бидејќи Ти се зазеде за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, досуди праведен суд. 5#7,11; 89,14Им запрети на незнабошците, го погуби нечестивиот; името им го сотре за сите векови. 6#5 Мојс 9,14Непријателот исчезна во вечни ур­натини; градовите му ги разруши, и за­гина споменот за нив. 7#1 Мојс 19,23-25; Јов 18,17Но Господ вечно седи на прес­толот; го подготвил престолот Свој за суд; 8#102,12; 2 Мојс 15,18; Плач 5,19Тој ќе му суди на светот според правда, на луѓето ќе им суди праведно. 9#72,2; 96,10.13; 98,9; 1 Сам 2,10; Дела 17,31Господ им е тврдина на угнетените, крепост во време на неволја. 10Нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат. 11#36,10; 87,4; 91,14; Ис 25,4Пејте Му на Господ Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови; 12#7,7; 65,1; 132,13-14; Ис 12,6бидејќи Тој се одмаздува за крв; ја помни; не ги заборава пискотниците на угнетените. 13#1 Мојс 9,5; Јов 16,18Смилувај се, Господи, на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од портите на смртта. 14#107,18; Ис 38,10; Мт 16,18За да можам да ги искажам сите славослови за Тебе пред портите на ќерката Сионска и да воскликнувам ра­досно за спасението Твое. 15Попаѓаа незнабошците во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна. 16#7,15Господ се појави и пресуди; во делата на рацете свои грешникот се заплетува. 17Ќе заминат во пеколот сите греш­ници, сите народи, кои Бога Го забораваат. 18#50,22Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедни­те нема никогаш да пропадне. 19#Изреки 23,18Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека примаат суд пред Тебе. 20#7,6Заплаши ги, Господи, за да раз­берат незнабошците дека се само луѓе.

Селектирано:

Псалми 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се