Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 13

13
Послушност кон државната власт
1 # Мт 22,16-21; Тит 3,1; 1 Птр 2,13-17 # Изреки 8,15; Јн 19,11; 1 Тим 2,1-2 Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, заш­то нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога. 2Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда. 3Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа; 4зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло. 5Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја. 6Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат. 7#Мт 22,21; Мк 12,17; Лк 20,25И така, дајте секому што сте му дол­жни: кому сте му должни данок – нека му се даде данок; кому царина – царина; кому страхопочит – страхопочит; кому чест – чест.
Љубовта кон ближниот
8 # Мт 22,37-40; Јн 13,34; Гал 5,14; Кол 3,14; 1 Тим 1,5; 1 Јн 4,11 И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот. 9#2 Мојс 20,13-17; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 5,17-21; Мт 5,43; 19,18-19; 22,39; Гал 5,14; Јк 2,8Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!“ 10#1 Кор 13,4-7Љубовта не му прави зло на ближ­ниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
11 # 1 Кор 7,26.29-31; Ефес 5,8-16; 1 Сол 5,4-8 И тоа правете го, знаејќи го ова време: веќе дојде часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме. 12#Јн 8,12; Ефес 5,8-16; 1 Сол 5,4-8; 1 Јн 2,8Ноќта одминува, а денот се прибли­жи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината. 13#Лк 21,34Да живееме пристојно како дење – не во срамни гоштевки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во пре­пирка и завист; 14#Гал 3,27; Ефес 4,24туку облечете се во Господ Исус Христос, и грижата за телото не прет­ворајте ја во страсти.

Селектирано:

Римјаните 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се