Римјаните 3
3
1Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието? 2#9,4-5; 5 Мојс 4,6-8; Пс 103,7; 147,19-20; Јн 4,22Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите објавувања. 3#Пс 89,30-37; 2 Тим 2,13Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност? 4#Пс 51,6; 116,11Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да победиш кога ќе ти се суди.“ 5#1,18; 1 Кор 9,8; Гал 3,15Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што би можеле да речеме тогаш? Дали е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек. 6Никако! Зашто, како Бог ќе може да го суди светот? 7Зашто, ако вистината Божја се возвеличува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш да бидам осуден како грешник? 8#6,1.15Зарем тогаш не би требало да правиме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.
Никој не е праведен
9 #
1,18–2,29; 3,23; 11,32 Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев, 10#Пс 14,1-3; 53,1-4како што е напишано: „Нема праведен ниту еден, 11нема разумен, нема кој да Го бара Бога; 12#Проп 7,20сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“ 13#Пс 5,10; 140,4„Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров, 14#Пс 10,7устата нивна е полна со клетва и горчина. 15#Ис 59,7-8#Изреки 1,16Нозете нивни им се брзи за пролевање крв; 16пустошење и маки по нивните патишта; 17тие не го познаа патот на мирот. 18#Пс 36,2Страв Божји нема пред очите нивни.“ 19Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја уста, и така целиот свет да стане виновен пред Бога, 20#7,7; Пс 143,2; Гал 2,16зашто преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гревот.
Праведноста се добива преку вера
21 #
1,16-17
А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците. 22#1,17; Гал 2,16Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика, 23#3,9; Ефес 2,4-10сите згрешија и лишени се од славата Божја. 24#Ефес 2,8; Тит 3,7Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос. 25#3 Мојс 16,12-16; Дела 17,30; Ефес 1,7; Евр 9,5.15; 1 Јн 2,2; 4,10Него Бог Го постави со крвта Своја да биде жртва за помирување преку верата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение, 26#2 Мојс 34,6-7; Ис 48,9; 53,11за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус. 27#2,17; 1 Кор 1,31; Гал 6,13-14; Ефес 2,9Каде е, пак, пофалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата. 28#5,1; Дела 13,39; Гал 2,16; Ефес 2,9Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот. 29Или можеби Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, Тој е и на незнабошците, 30#4,11-12.16бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера. 31#Мт 5,17-19А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме.
Селектирано:
Римјаните 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006