Римјаните 5
5
Во мир со Бога
1 #
3,24.28; Ис 53,5 И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос. 2#Ефес 2,14-18Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се гордееме со надежта во славата Божја. 3#Јк 1,2-4; 1 Птр 1,5-7; 4,13-14; Откр 1,9Но не само тоа, туку се гордееме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението; 4од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж. 5#Пс 22,4; 25,3.20; 1 Јн 4,13Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух. 6#8,32; Јн 3,16-17; Ефес 5,2; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 3,4-7; 1 Птр 3,18; 1 Јн 3,16; 4,10Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците. 7Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре. 8Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. 9#1,18; 1 Сол 1,10Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот. 10#2 Кор 5,18-19; Ефес 2,16; Кол 1,20-22Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле. 11А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
Адам и Христос
12 #
6,23; 1 Мојс 2,17; 3,6.19; 1 Кор 15,21-22.45; Јк 1,15 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија. 13#4,15Навистина и порано уште пред Законот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон. 14#1 Кор 15,21-22.45А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде. 15#Мт 20,28; Дела 15,11Но со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина. 16#8,1А тој дар е сосема поинаков од гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот – од многу престапи кон оправдување. 17#2 Тим 2,12; Откр 20,4-6Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку едниот, дотолку повеќе оние, што го примија изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден – Исус Христос. 18#1 Кор 15,22И така, како што преку еден престап дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. 19#Ис 53,11; Фил 2,8; Евр 5,8Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. 20#7,7-8; Гал 3,19; 1 Тим 1,14А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност, 21#6,22-23та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.
Селектирано:
Римјаните 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006