Песна над песните 3
3
Таа сонува дека оди во потрага по него
1 #
1,7; Ис 65,1; Ер 29,13; Ос 2,9; 5,6; Изреки 1,28; Мт 7,7 Ноќва во леглото мое го барав оној, кого го сака душата моја, го барав и не го најдов. 2Затоа ќе станам, ќе тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов. 3Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: „Дали го видовте – ги прашав – оној, кого душата моја го сака?“ 4#1 Мојс 2,24; 24,67; 6,9; 8,2.5Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мојата мајка и во одајата на родителката своја. 5#2,7; 8,4Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака. 6#6,10; 8,5; Откр 12,6; 1 Цар 10,15; Ез 17,4; 27,13; Наум 3,16; Неем 13,20Хорот: Која е таа, што се издига од пустината како столб од дим, што мириса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси? 7Еве ја носилката на Соломон: околу неа шеесет души јунаци, од јунаците Израелови. 8#Пс 91,5Сите држат по еден меч и се вешти во борба; секој има меч на бедрото свое поради опасностите ноќни. 9Носилка си направил царот Соломон од леванонски дрвја; 10#1 Цар 10,18столбовите ги направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето – порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски. 11#Ис 61,10; 62,3-5Излезете, ќерки сионски, и погледајте го царот Соломон со венецот, со кој го украсила мајка му во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.
Селектирано:
Песна над песните 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006