Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 7

7
1 # 1 Мојс 32,3; Ис.Н. 13,26 Хорот: Сврти се, сврти се Суламитко, сврти се, сврти се, да те по­гледаме! Возљубениот: Зошто сакате да ја гледате Суламитката, како на оро манаимско? 2Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како прстени, направени од рацете на вешт уметник, 3папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; 4#4,5двете твои гради – како две јаренца, како близначиња на срна. 5#1,10; 4,8; 4 Мојс 21,27; Ис 15,4Вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – хешбонски езерца кај Бат-Рабимските порти; носот твој – леванонска кула, свртена кон Дамаск; 6#Ис.Н. 19,26; Ис 35,2; Ис 25,4; 1,4главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја – како пурпур; и царот се заплетка во нејзините плетенки. 7#1,15-16Возљубениот: О, колку си убава, о, колку си заносна, возљубена моја, со твојата убавина! 8Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради – на гроздови. 9#Изреки 5,19; 2,3Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твои­те гради би биле место гроздови, и ми­рисот од твоите ноздри – како мирис на јаболко; 10#5,1; 1,4устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон воз­љубениот мој, и тече нечујно пре­ку ус­ните кои спијат. 11#2,16; 1 Мојс 3,16Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
Среќата да бидеш љубен
12 # 4,7; 2,10 Дојди, мил мој, да излеземе во по­лето, да ноќеваме во селските колиби; 13#6,11; 1,2утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калин­ките; таму ќе те опсипам со милувања. 14#4,13.16; 3 Мојс 26,10Мандрагорите веќе шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се