Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тит 1

1
Поздрав
1 # Рим 1,1; Фил 1,1 Павле, слуга Божји и апостол на Исус Христос за верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината по побожноста, 2#2 Мојс 23,19; 2 Тим 2,13со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже, 3#Дела 1,7; Рим 3,26; 1 Тим 1,1во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог, 4#2 Кор 2,13; 8,23; Гал 2,3; 1 Тим 1,2; 2 Тим 4,10до Тит, моето вистинско чедо по за­едничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Хрис­тос, нашиот Спасител!
Задолженијата на Тит во Крит
5Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите гра­до­ви да поставиш презвитери, како што ти бев порачал: 6#1 Тим 3,2-7ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност. 7#1 Тим 3,15; Евр 3,2Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни ла­ком за гнасна печалба, 8#1 Тим 3,2-7; 2 Тим 2,24-26; 1 Птр 5,2туку гостољубив, доброљубив, трез­вен, справедлив, свет, воздржлив; 9#2,1; 1 Тим 1,10; 2 Тим 4,3кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
Лажните учители
10 # 1 Тим 4,1; 2 Тим 3,13 Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните, 11#2 Тим 3,6; 1 Птр 5,2на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба. 12Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лаж­ливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“ 13#2 Тим 4,2Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата, 14#1 Тим 1,10; 4,7и да не слушаат јудејски бајки и за­поведи од луѓе, кои одвраќаат од вистината. 15#Мт 15,11; 15,18-20; 23,25-26; Рим 14,14-20За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста: 16#2 Тим 3,5; 1 Јн 1,6; 2,4тие зборуваат дека Го познаваат Бо­га, а со делата свои Го одречуваат, би­дејќи се одвратни, непокорни и неспо­собни за никакво добро дело.

Селектирано:

Тит 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се