Јован 6
6
Исус нахранува пет илјади луѓе, оди по море, зборува за Себеси како за леб на животот, и за примањето на Неговата плот и крв. Петровата исповед.
1Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско.
2И по Него одеше многу народ, оти ги гледаа чудесата Негови, што ги вршеше над болните.
3А Исус отиде во гората и таму седеше со учениците Свои.
4И наближуваше Пасха, празникот јудејски.
5Исус, пак, кога ги подигна очите и виде, дека кон Него иде многу народ, му рече на Филипа: »Од каде да купиме леб, за да јадат овие?«
6А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.
7Филип Му одговори: »Не ќе им биде доволно за двесте динарии леб, па да добие секој од нив по малку.«
8Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симона Петра, Му рече:
9Овде се наоѓа едно момче, кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?
10Исус рече: »Кажете им на луѓето да поседнат!« А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади.
11Исус кога ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од рибите, по колку кој сакаше.
12А кога се наситија, им рече на учениците Свои: »Соберете ги останатите парчиња, за да не се загуби ништо!«
13И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошеви парчиња, што им преостанаа на оние што јадеа.
14А луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: »Овој е навистина Пророкот, Кој требаше да дојде на светот!«
15Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да Го направат цар, се оддалечи Сам во гората.
16А приквечер, учениците Негови слегоа до морето,
17и влегоа во кораб; и кинисаа преку морето кон Капернаум.
18Морето, пак, се подигаше, оти дуваше силен ветар.
19И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија.
20Но Он им рече: »Јас сум, не бојте се!«
21Тогаш тие сакаа да Го примат во коработ; и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.
22Утредента наутро, народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа оти таму немаше друг кораб освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа.
23И други кораби дојдоа од Тиверијада, близу до она место, каде што беа јале леб, по благословувањето Господово.
24И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Капернаум да Го бараат Исуса.
25И, штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: »Рави, кога дојде овде?«
26А Исус им одговори и рече: »Вистина, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чудеса, туку затоа што јадовте од лебовите и се наситивте.
27Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен и која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз Него сложил печат Бог Отец.«
28А тие Му рекоа: »Што да правиме, за да извршуваме дела Божји?«
29Исус им одговори и рече: »Делото Божјо е ова: да поверувате во Оној, Кого Го испрати Он.«
30А тие Му рекоа: »Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?
31Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘«
32Но Исус им рече: »Вистина, вистина ви велам: не Мојсеј ви даде леб од небото, а Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.
33Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.«
34Тогаш тие Му рекоа: »Господи, давај ни го секогаш тој леб!«
35А Исус им рече: »Јас сум лебот на животот; кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.
36Но ви реков – дека вие и Ме видовте и пак не верувате.
37Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде при Мене; а кој доаѓа при Мене, нема да го испадам надвор;
38оти слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.
39А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не погубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.
40Волјата на Оној што Ме прати е: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него да има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.«
41Се разгневија против Него Јудејците, дека рече: »Јас сум лебот што слезе од небото«,
42и зборуваа: »Зар не е Овој Исус, Јосифовиот син, Чиј татко и мајка ги познаваме? Како тогаш Он вели: ‚Слегов од небото.‘«
43Им одговори Исус и рече: »Не гневете се помеѓу себе.
44Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
45Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа при Мене.
46Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној, Кој е од Бога; само Он Го видел Отецот.
47Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има живот вечен.
48Јас сум лебот на животот.
49Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа;
50а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре.
51Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.«
52Јудејците пак почнаа да се препираат помеѓу себе, велејќи: »Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?«
53А Исус им рече: »Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе.
54Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинско питие.
56Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене.
58Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.«
59Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
60Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: »Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша?«
61А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: »Зар ова ве соблазнува?
62Ами ако Го видите Синот Човечки да се вознесува горе, каде што бил порано?
63Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.
64Но има меѓу вас и некои што не веруваат.« Исус знаеше од почетокот, кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.
65И рече: »Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.«
66Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.
67Тогаш им рече Исус на дванаесетте: »Да не сакате и вие да си отидете?«
68А Симон Петар Му одговори: »Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен,
69и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.«
70Исус им одговори: »Не дванаесетмина ли ве избрав Јас? Но еден од вас е ѓавол.«
71А зборуваше за Јуда Симонов Искариот, оти тој, како еден од дванаесетте, сакаше да Го предаде.
Селектирано:
Јован 6: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: