Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 7

7
На празникот Сеници зборува за Својата наука, за Своето заминување и за Светиот Дух. Однесувањето на народот и на фарисеите спрема Христа.
1Потоа одеше Исус по Галилеја, зашто нејќеше да оди во Јудеја, оти Јудејците сакаа да Го убијат.
2Се приближуваше, пак, јудејскиот празник – Правење сеници.
3Тогаш браќата Негови Му рекоа: »Излези одовде и отиди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш.
4Оти никој не прави нешто тајно, кога и сам сака да се прочуе. Ако Ти ги вршиш овие работи, тогаш покажи се пред светот.«
5Зашто и браќата Негови не веруваа во Него.
6А на тоа Исус им одговори: »Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш годно.
7Светот вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, оти Јас сведочам за него, дека делата му се лоши.
8Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на празникот, зашто времето Мое уште не се исполнило.«
9Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
10Но, штом отидоа браќата Негови, отиде на празникот и Он, но не јавно, туку некако тајно.
11А Јудејците Го бараа на празникот, и велеа: »Каде е Оној?«
12И многу расправии имаше во народот за Него: едни зборуваа дека е добар; а други велеа: »Не, туку го заблудува народот.«
13Но никој не зборуваше за Него отворено, поради стравот од Јудејците.
14А кога се преполови празникот, влезе Исус во храмот и поучуваше.
15И се чудеа Јудејците, велејќи: »Како ги познава Овој Книгите, кога не учел?«
16Тогаш им одговори Исус и рече: »Учењето Мое не е Мое, а на Оној што Ме прати;
17и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Сам од Себе зборувам.
18Кој говори сам од себе, тој ја бара својата слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Он е вистина и во Него нема неправда.
19Зар не ви даде Мојсеј Закон? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?«
20Народот одговори и рече: »Бес ли Те фатил? Кој сака да Те убие?«
21Одговори Исус и им рече: »Едно дело извршив и сите се чудите.
22Мојсеј ви даде обрезание, макар што тоа не е од Мојсеја, а од татковците – и вие во саботен ден го обрезувате човекот.
23Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек направив здрав во сабота?
24Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!«
25Тогаш некои од Ерусалим рекоа: »Не е ли Овој, Кого Го бараат да Го убијат?
26Ете, јавно говори и ништо не Му велат; да не се увериле и началниците, дека е Он навистина Христос?
27Но Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.«
28Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: »И Мене Ме познавате, и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, а има еден Вистински, Кој Ме пратил и Кого вие не Го познавате.
29Јас, пак, Го знам, оти сум од Него и Он Ме прати.«
30Тогаш сакаа да Го фатат. Но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов.
31И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: »Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чудеса отколку што направи Овој?«
32Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па тие и првосвештениците испратија слуги да Го фатат.
33Тогаш Исус им рече: »Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам при Оној, Кој Ме пратил.
34Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете.«
35А Јудејците си рекоа помеѓу себе: »Каде ќе оди Овој, за да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при расеаните меѓу Елините, па и Елините да ги поучува?
36Што значат овие зборови: ‚Ќе Ме барате и не ќе Ме најдете;‘ и ‚Каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете?‘«
37А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: »Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие!
38Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.«
39А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.
40А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: »Навистина, Овој е пророк!«
41Други велеа: »Овој е Христос.« А некои рекоа: »Зар од Галилеја ќе дојде Христос?
42Не е ли речено во Писмото: дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од грачето Витлеем, од каде што беше Давид?«
43И така настана во народот расправија за Него.
44А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.
45Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: »Зошто не Го доведовте?«
46А слугите одговорија: »Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.«
47Тогаш им одговорија фарисеите: »Да не се прелагавте и вие?
48Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него?
49Но овој народ, што не го знае Законот, е проклет.«
50Никодим, пак, кој беше отишол при Него ноќе, а беше еден од нив, им рече:
51Осудува ли нашиот Закон човек, дури најнапред не го сослушаат и не узнаат што прави?
52А тие му одговорија и рекоа: »Да не си и ти од Галилеја? Испитај и види дека пророк од Галилеја не се јавил.«
53И секој си отиде во својот дом.

Селектирано:

Јован 7: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се