Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 20

20
ГЛАВА 20
(Зачало 99)
1Во еден од оние денови, кога Он го поучуваше народот во#Среда од 28-та седмица по Педесетница: Во она време, кога го поучуваше Исус народот во храмот и го проповедаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините
2и Му рекоа, велејќи: – Кажи ни, со каква власт го правиш тоа, или кој Ти ја дал таа власт?
3А Он им одговори и рече: – Ќе ве прашам и Јас еден збор, и кажете Ми:
4– крштението Јованово од небото ли беше, или од луѓето?
5А тие, помислуваа во себе, велејќи: ако кажеме од небото, ќе рече – а зошто не му поверувавте?
6Ако ли, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ затрупа со камења, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.
7И одговорија: – Не знаеме од каде е.
8А Исус им рече: – Ни Јас нема да ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
Крај на средата
(Зачало 100)
9И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: – Еден човек#Четврток од 28-та седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си отиде на подолго време.
10А подоцна, испрати кај лозарите еден слуга, за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.
11И одново испрати друг слуга: но, тие и него го натепаа и го понижија, па го испратија празен.
12Испрати и трет, но тие и него го ранија и го избркаа.
13Тогаш господарот на лозјето рече: – Што да направам? Ќе го испратам својот возљубен син; можеби, кога ќе го видат, ќе се засрамат.
14Ама лозарите, штом го видоа, си помислуваа во себе, велејќи: – овој е наследникот, ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.
15И кога го изведоа надвор од лозјето, – го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други. А оние што слушаа рекоа: – Да не даде Бог!
17Но Он, кога ги погледна, им рече: – Што значи тогаш напишаното: „каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен аголен“?
18Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, – ќе го смачка.
Крај на четвртокот
(Зачало 101)
19И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но#Петок од 28-та седмица по Педесетница: Во она време, првосвештениците и книжниците сака да стават рака на Исуса, но се плашеа од народот; разбраа дека за нив ја кажа оваа парабола.
20И, следејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се претставуваа за праведни, за да Го фатат во некој збор и да Го предадат на поглаварите и на власта управникова.
21И Го прашаа, велејќи: – Учителе, знаеме дека право говориш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји;
22дозволено ли е да даваме данок на царот, или не?
23А Он го разбра нивното лукавство и им рече: – Што Ме искушувате?
24Покажете Ми еден пенез: чиј лик и натпис има? Тие одговорија: – На царот.
25Па им рече: – Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога.
26И не можеа да ги покудат зборовите Негови пред народот, но се почудија на Неговиот одговор и замолкнаа.
Крај на петокот
(Зачало 102)
27Тогаш пристапија не кои#Понеделник од 29-та седмица по Педесетница: Во она време, пристапија кон Исуса некои од садукеите, коишто тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:
28– Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена, и да го подигне потомството на брата си.
29Имаше седум браќа; и, првиот, откако се ожени, умре без деца;
30жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца;
31ја зеде и третиот, така исто и сите седуммина и умреа без деца;
32по сите нив, умре и жената;
33при воскресението, пак, на кого од нив таа ќе биде жена, бидејќи со седумтемина живеела?
34Им одговори Исус и рече: – Синовите од овој век се женат и мажат;
35но, оние што се удостоија да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36и веќе не можат да умрат, оти се еднакви со ангелите и, бидејќи се синови на воскресението, – тие се и синови Божји.
37А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го кажа и Мојсеј при капината, кога Го нарече Господа – Бог Авраамов, Бог Исааков и Бог Јаковов.
38А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи.
39На тоа, некои од книжниците рекоа: – Учителе, добро рече.
40И не смееја повеќе за ништо да Го прашаат. А Он им рече:
41– Како велат дека Христос е син Давидов?
42Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: „Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43додека не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои“.
44Па така, значи, Давид, Го нарече Господ; како тогаш да му е Он син?
Крај на понеделникот
(Зачало 103)
45И кога сиот народ слушаше, Он им рече на учениците Свои:
46– Чувајте се#Сабота од 34-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Чувајте се од книжниците, кои милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места по синагогите и да се први на гозбите;
47кои ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат; тие ќе добијат потешка пресуда.

Селектирано:

Лука 20: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се