1 КОРИНТЈАНИТЕ 13
13
Љубов
1Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. 2И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум. 3И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува. 4Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; 5не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; 6не ѝ се радува на неправдата, а ѝ се радува на вистината; 7сѐ премолчува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи. 8Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби: ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне. 9Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме, 10но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното. 11Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското. 12Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат. 13А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.
Селектирано:
1 КОРИНТЈАНИТЕ 13: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.