1 КОРИНТЈАНИТЕ 16
16
Совети и поздрави
1А за собирањето милостини за светите, правете и вие како што им наредив на Галатските цркви. 2Во секој прв ден, секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не се врши собирањето кога ќе дојдам. 3А кога ќе дојдам таму, ќе ги испратам, со писма, оние, кои вие ќе ги најдете за достојни, да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим. 4А ако биде прилично да одам и јас, тие ќе тргнат со мене. 5При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија; 6а при вас можеби ќе се задржам, па и да презимувам, за да ме испратите каде што одам. 7Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи. 8Во Ефес ќе останам до Педесетницата, 9зашто ми се отвори за работа голема и делотворна врата, а противниците се многу.
10Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас. 11Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата. 12Што се однесува за братот Аполос, многу го охрабрив да дојде при вас со браќата, но никако не сакаше да дојде сега; но ќе дојде кога ќе има прилика.
13Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни! 14Сѐ при вас да станува со љубов! 15Уште, ве молам браќа, да знаете за Стефановиот дом, дека тој е ахајски првенец и дека тие се посветија да им служат на светите. 16Покорувајте им се и вие на такви, и на секој што помага во делото и се труди! 17Се радувам на доаѓањето на Стефана, Фортуната и Ахаика, зашто тие го надоместија вашето отсуство 18и зашто го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа признавајте ги таквите!
19Ве поздравуваат азиските цркви. Ве поздравуваат многу во Господа Акила и Прискила со својата домашна црква. 20Ве поздравуваат сите браќа! Поздравете се еден со друг со свет целив!
21Поздравот е со мојата, Павлова рака. 22Кој не Го љуби Господа да биде проклет! Мараната! 23Благодатта на Господа Исуса да биде со вас. 24И мојата љубов со сите вас во Христа Исуса. Амин!
Селектирано:
1 КОРИНТЈАНИТЕ 16: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: