Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 2:6-16

1 КОРИНТЈАНИТЕ 2:6-16 MKB

Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат, туку ја навестуваме Божјата премудрост, во тајна, сокриена, која Бог, пред сите векови ја предопределил за наша слава; која не ја запознал ниеден од владетелите на светов, зашто ако ја беа познале, немаше да Го распнат Господа на славата, - туку, како што е напишано: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.“ А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сѐ, па дури и Божјите длабочини. Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух. А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува. Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети, споредувајќи ги духовните работи со духовното. А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин. Духовниот човек пак испитува сѐ, а него никој не го испитува, зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?“ А ние го имаме Христовиот ум.