Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 4

4
Христови апостоли
1И така, секој човек нека нѐ смета за Христови служители и за управители на Божјите тајни! 2А од управителите натаму се бара секој да се покаже верен. 3За мене сосем малку ми значи, што ме осудувате вие, или друг човечки суд; а ни самиот јас не се судам себеси. 4Зашто не знам дека сум виновен во нешто, но со тоа не сум оправдан. Туку, Господ е Тој, Кој ќе ме суди. 5Затоа не судете ништо предвреме, пред да дојде Господ, Кој ќе го извади на видело скриеното во темнина и ќе ги открие намерите на срцата; и тогаш секој ќе ја прими пофалбата од Бога.
6А врз себе и врз Аполоса покажав пример, браќа, заради вас, за да научите од нас да не мудрувате повеќе од она, што е напишано, и да не се вообразувате еден над друг. 7Зашто, кој те прави да се разликуваш од другиот? И што имаш, што не си примил? И така, ако си примил, зошто се фалиш како да не си примил? 8Веќе сте заситени! Веќе се збогативте! Без нас се зацаривте. И камо да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас! 9Зашто ми се чини, Бог нѐ постави нас апостолите најпоследни, како осудени на смрт; зашто им станавме призор на светот, и на ангелите и на луѓето. 10Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа! Ние сме слаби, а вие, јаки; вие сте славни, а ние без чест. 11До овој час гладуваме и жеднееме, и необлечени сме, и нѐ бијат, и скитаме, 12и се трудиме работејќи со своите раце. Кога нѐ навредуваат, ние благословуваме; кога нѐ гонат, ние поднесуваме; 13кога нѐ клеветат ние се обраќаме благо. Станавме како нечистотија на светот, како смет исфрлен од сите, сѐ досега.
14Не го пишувам ова за да ве засрамам, туку за да ве предупредам како свои возљубени чеда, 15зашто, ако имавте и десет илјади воспитувачи во Христа; сепак немате многу татковци, зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието. 16Затоа, ве молам подражавајте ме мене. 17Затоа и го испратив при вас Тимотеја, моето возљубено и верно чедо во Господа. Тој ќе ви ги напомни моите патишта во Христа, како што ги учам насекаде, и во секоја црква. 18Некои се вообразија, како јас да нема да дојдам при вас. 19Но наскоро, ќе дојдам при вас, ако биде Господова волја, и тогаш не ќе сакам да знам за зборовите на оние вообразените, туку за нивната сила, 20зашто Божјото Царство не е во зборови, туку во сила. 21Што сакате: да дојдам при вас со прачка, или со љубов и со кроток дух?

Селектирано:

1 КОРИНТЈАНИТЕ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се