Секој, кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој, кој го љуби Родителот, го љуби и оној, кој е роден од Него. По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки, зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера. Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син? Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината. (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно). И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни. Ако го примаме сведоштвото на луѓето, Божјото сведоштво е поголемо. А ова е Божјото сведоштво, дека сведочеше за Својот Син. Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син. И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.
Прочитај 1 ЈОВАНОВО 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 ЈОВАНОВО 5:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа