Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЈОВАНОВО 5

5
Верата во Христа победува
1Секој, кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој, кој го љуби Родителот, го љуби и оној, кој е роден од Него. 2По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди. 3Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки, 4зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.
5Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син? 6Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината. 7(Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно). 8И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни. 9Ако го примаме сведоштвото на луѓето, Божјото сведоштво е поголемо. А ова е Божјото сведоштво, дека сведочеше за Својот Син. 10Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син. 11И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. 12Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.
Молитва за браќата, кои грешат
13Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син. 14И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нѐ слуша ако просиме нешто по Неговата волја. 15И кога знаеме дека нѐ слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него. 16Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли. 17Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.
Заклучок
18Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него. 19Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот. 20Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот. 21Дечиња, пазете се од идолите. Амин!

Селектирано:

1 ЈОВАНОВО 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се