Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЈОВАНОВО 1

1
Вовед и благослов
1Од старешината, до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистина, и не само јас, туку и сите, кои ја познаа вистината, 2заради вистината, што останува во нас и што ќе биде со нас довека. 3Благодат, милост и мир ќе бидат со нас од Бог Таткото и од Господа Исуса Христа, Синот на Таткото, во вистина и љубов.
Бодрење кон меѓусебна љубов
4Многу се зарадував зашто меѓу твоите деца најдов такви, кои одат во вистината, како што примивме заповед од Таткото. 5И сега те молам, госпоѓо, - не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почеток: да се љубиме еден друг. 6А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди. Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите.
Опасност од лажни учители
7Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист. 8Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда. 9Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот. 10Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го; 11зашто кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.
Поздрави
12Имам многу да ви пишувам, ама не сакам со книга и мастило, туку се надевам дека ќе ви дојдам и усно да зборувам со вас, за да биде нашата радост полна. 13Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра. Амин!

Селектирано:

2 ЈОВАНОВО 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се