1 ЦАРЕВИ 12
12
РАЗДЕЛБА НА ЦАРСТВОТО 12:1-22:53
А. Разделба на Царството
1. Зацарување на Ровоам и отпаѓање на десет племиња
1Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем дојдоа сите Израелци за да го зацарат. 2Штом го чу тоа синот Наватов Јеровоам - кој беше во Египет, каде што беше избегал пред царот Соломон - се врати од Египет, зашто 3беа испратиле по него и го повикаа. Кога дојдоа Јеровоам и сиот Израелев собор, му рекоа на Ровоама: 4“Твојот татко ни наметна тежок јарем. Сега ти олесни ни ја тешката служба на својот татко, тешкиот јарем што го стави на нас, па ќе ти служиме!“ 5А тој им одговори: „Дојдете пак кај мене по три дни.“ И народот си отиде.
6Тогаш царот Ровоам се посоветува со старците кои што му служеа на неговиот татко Соломон додека беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?“ 7Тие му одговорија: „Ако денес ги задоволиш тие луѓе, ако им бидеш благонаклонет и ако им одговориш со убави зборови, тие секогаш ќе ти останат слуги.“ 8Ама тој го отфрли советот што му го дадоа старците, и се посоветува со младите кои пораснаа со него и кои му беа во служба. 9Ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ кој ми рече: ‘Олесни ни го јаремот што ни го наметна твојот татко?’“ 10Младите луѓе, кои пораснаа со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‘Твојот татко ни наметна јарем, а ти олесни ни го’, одговори му вака: ‘Мојот мал прст е подебел од бедрата на татка ми! 11Ете, мојот татко ви наметна тежок јарем, а јас уште ќе го стежнам вашиот јарем; мојот татко ве шибаше со бичеви, а јас ќе ве шибам со бичеви со железни штипалки.’“
12А на третиот ден дојде сиот народ кај Ровоама, како што им беше заповедал царот, велејки им: „Вратете се кај мене на третиот ден.“ 13Царот им одговори остро, отфрлајќи го советот што му го дадоа постарите. 14И им рече: „Мојот татко ви го стежна вашиот јарем, а јас ќе додадам уште врз него; мојот татко ве шибаше со бичеви, а јас ќе ве шибам со бичеви со железни штипалки.“ 15И така царот не сакаше да го послуша народот, зашто така направи Господ за да се исполни словото што преку Силонецот Ахиј му го рече на Наватовиот син Јеровоам.
16Кога Израелците видоа дека царот се прави дека не слуша, народот му одговори: „Каков дел имаме ние со Давида? Ние немаме наследство со Јесеевиот син. Во шаторите, Израелу! А сега, Давиде, грижи се за својот дом!“ И сиот Израел си отиде под своите шатори. 17Ровоам завладеа само над Израелевите синови, кои живееја по јудејските градови. 18Потоа царот Ровоам го испрати Адорама, настојникот за данок, ама Израелците го каменуваа, и тој умре; а царот Ровоам бргу се качи во колата и избега во Ерусалим. 19Така Израел се оддели од Давидовиот дом сѐ до денес. 20Кога Израелците научија дека се вратил Јевровоам, го повикаа во заедницата и го поставија за цар над сиот Израел. Давидовата куќа не ја следеше никој освен самото Јудино племе.
2. Господ му забранува на Ровоам да војува против Јеровоам
21Откако дојде во Ерусалим, Ровоам го собра сиот Јудин дом и Венијаминовото племе, сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да удрат против Израелевиот дом и да му го вратат царството на Ровоама, Соломоновиот син. 22Но му дојде Божјо слово на Божјиот човек Семеј: 23“Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, на јудејскиот цар и на сиот дом Јудин и Венијаминов, и на другиот народ: 24Господ вели вака: ‘Не одете да се биете со браќата, со Израелевите деца! Секој нека се врати во својата куќа, зашто ова потекна од Мене.’“ И тие го послушаа Господовиот збор, и се вратија како што им рече Господ.
3. Воведување култ на златни телиња во Ветил и Дан
25Јеровоам го утврди Сихем во Ефремовата Гора, и таму се настани. Потоа излезе оттаму и го утврди Фануил. 26Јеровоам рече во своето срце: „Сега царството би можело да му се врати на Давидовиот дом. 27Ако овој народ продолжи да се искачува во Господовиот Дом во Ерусалим за да принесува жртви, срцето на народот ќе му се врати на својот господар, Ровоам, јудејскиот цар, и мене ќе ме убијат.“ 28Откако царот се посоветува, направи две златни телиња и му рече на народот: „Доста одевте во Ерусалим! Еве го, Израелу, твојот бог кој те изведе од Египетската Земја.“ 29Потоа стави едно теле во Ветил, а другото го смести во Дан. 30Тоа беше згода за грев: народот одеше кај едното во Ветил и кај другото во Дан. 31И Јеровоам подигна идолопоклонички куќи на високите места и постави свештеници од народот, кои не беа Левиеви синови. 32Потоа Јеровоам воведе празник во осмиот месец, во петнаесеттиот ден на тој месец, како што е празникот што се слави во Јудеја, и принесе жртва на жртвеникот. Така направи во Ветил, жртвувајќи им на телињата што ги направи. Во Ветил им постави и свештеници на високите места што ги подигна. 33И принесе жртва на жртвеникот што го направи, во петнаесеттиот ден на осмиот месец; во месецот што сам го избра; и воспостави празник за Израелците и пристапи кон жртвеникот за да покади.
Селектирано:
1 ЦАРЕВИ 12: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: