1 ЦАРЕВИ 16
16
1Тогаш му беше испратено Господовото слово на Јуј, синот Ананиев, против Васа: 2“Те подигнав од правот и те поставив кнез над Мојот народ Израел, ама ти тргна по Јеровоамовиот пат и го наведуваш на грев Мојот народ Израел, та Ме разјаруваш со нивните гревови; 3затоа ќе ги изметам без трага Васа и неговата куќа: ќе направам со твојата куќа како и со куќата на Јеровоам, синот Наватов. 4Кој од Васината куќа ќе умре во градот, ќе го изедат кучиња, а кој ќе им умре во полето, ќе го изедат небеските птици.“ 5Другите дела на Васа, сѐ што направил, неговите подвизи, зар сѐ тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви? 6Васа почина со своите татковци, и беше погребан во Терса. Неговиот син Ила се зацари место него. 7Ама Господовото слово преку пророкот Јуј, синот Ананиев, не беше насочено против Васа и против неговата куќа само заради тоа што правеше зло во Господовите очи и што Го лутеше со делата на своите раце та беше како и Јеровоамовата куќа, туку и заради тоа што ја истреби и неа.
3. Ила
8Во дваесет и шестата година на Асиното царување во Јудеја, Ила, синот Васин, стана цар на Израел во Терса; владееше вкупно две години. 9Неговиот дворјанец Зимриј, заповедник на половината бојни коли, се побуни против него. Кога беше во Терса, се испијани во куќата на Арсо, управителот на дворецот во Терса. 10Тогаш Зимриј влезе, удри на него и го уби, во дваесет и седмата година на Асиното царување со Јудеја, и се зацари место него.
4. Зимриј
11Штом почна да владее и штом седна на престолот, ја погуби сета Васина куќа; не му го поштеди ни она што мокри покрај ѕидот, ни неговите роднини ни пријатели. 12Така Зимриј ја откорна сета Васина куќа според словото што Господ го кажа преку својот слуга пророкот Јуј, 13заради сите гревови што ги правеа Васа и неговиот син Ила и така го заведуваа Израел, срдејќи Го Господа, Израелевиот Бог, со своите лажни богови. 14Другата Илина повест, сѐ што направил, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?
15Во дваесет и седмата година на Асиното царување со Јудеја, Зимриј стана цар во Терса, и владееше седум дена. Тогаш народот го опсадуваше Гиветон, што им припаѓаше на Филистејците. 16Кога народот во логорот чу дека Зимриј се побунил и дека го убил царот, сиот Израел во истиот ден во логорот го прогласи за цар над сиот Израел заповедникот на војската Амриј. 17Потоа Амриј и сиот Израел со него отидоа од Гиветон и ја опсадија Терса. 18Кога Зимриј виде дека градот ќе биде преземен влезе во тврдината на царскиот дворец, го запали над себе царскиот дворец, и така загина. 19Тоа беше заради гревовите што ги беше направил, работејќи што е зло во Господовите очи и одејќи по патот на Јеровоам и на неговите гревови со кои го заведуваше Израел. 20Другата Зимриева повест и неговата завера што ја скова, зар сѐ тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?
5. Амриј
21Тогаш Израелевиот народ се раздели: половината се одлучи за Тивниј, синот Гинатов, за да го направи цар, а втората половина за Амриј. 22Ама Амриевите приврзаници беа посилни од приврзаниците на Тивниј, синот Гинатов, па кога Тивниј умре, Амриј стана цар. 23Во триесет и првата година на Асиното царување со Јудеја, Амриј стана цар на Израел, за дванаесет години. Царуваше шест години во Терса. 24Тогаш го купи од Семер за два таланти сребро ридот Самарија; изгради град кого го нарече Самарија по името на Семер, сопственикот на ридот.
25Ама Амриј правеше зло во Господовите очи, и беше полош од своите претходници. 26Во сѐ ги следеше Јеровоама, синот Наватов, и неговите гревови, со кои го заведуваше Израел, и го срдеше Господа, Израелевиот Бог, со своите лажни богови. 27Другата Амриева повест, сѐ што направил, неговите потфати што ги изведе, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви? 28Амриј почина со своите татковци, и го погребаа во Самарија. Неговиот син Ахав стана цар место него.
Ѓ. Израелски цар Ахав и пророк Илија
1. Ахав и Језавела
29Ахав, синот Амриев, стана израелски цар во триесет и осмата година на Асиното царување со Јудеја, и владееше дваесет и две години над Израел во Самарија. 30Ахав, синот Амриев, правел во Господовите очи повеќе лошо од сите свои претходници. 31И му беше малку што одеше во гревовите на Јеровоам, синот Наватов, туку уште се ожени со Језавела, ќерката на Етвала, сидонскиот цар, и почна да му служи на Ваала и да му се клања; 32подигна жртвеник во Вааловиот храм што го беше изградил во Самарија. 33Ахав подигна и Ашера и направи и други злодела, и Го налути Господа, Израелевиот Бог, повеќе од сите израелски цареви што беа пред него. 34Во негово време Хил од Ветил го изгради Ерихон; врз својот првороденец Авирон ги подигна основите, а врз помладиот свој љубимец Сегув ги постави градските врати, според словото на Господа што го кажа преку Својот слуга Исус, синот Навинов.
Селектирано:
1 ЦАРЕВИ 16: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: