1 ЦАРЕВИ 15
15
2. Зацарување на Авијам во Јудеја
1Во осумнаесеттата година на Јеровоамовото царување, синот Наватов, се зацари Авијам во Јудеја. 2Три години царуваше во Ерусалим; неговата мајка се викаше Мака, а беше Авесаломова ќерка. 3Тој одеше во сите гревови што неговиот татко ги правеше пред него, и неговото срце не му беше потполно верно на Господа, својот Бог, како срцето на неговиот прататко Давид. 4Сепак, заради Давида, Господ, неговиот Бог, му даде светилник во Ерусалим, подигнувајќи ги неговите синови по него и запазувајќи го Ерусалим. 5Зашто Давид правеше сѐ што беше право во очите на Господа, и за време на сиот свој живот не отстапи од ништо што му беше заповедано, освен она што му го направи на Хетеецот Уриј. 6А војна беше меѓу Ровоам и Јеровоам сиот негов век. 7Другата Авијамова повест, сѐ што направил, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви? А имаше војна меѓу Авијам и Јеровоам. 8Потоа Авијам почина со своите татковци. Го погребаа во Давидовиот Град; на негово место се зацари син му Аса.
3. Зацарување на Аса во Јудеја
а. Уништување на идолопоклонство
9Во дваесеттата година на Јеровоамовото царување над Израел, Аса стана цар над Јудеја. 10Царуваше четириесет и една година во Ерусалим; неговата баба се викаше Мака, а беше Авесаломова ќерка. 11Аса правеше што е право во очите на Гопода, како и неговиот прататко Давид. 12Ги протера од земјата „посветените блудници“ и ги отстрани сите кипови што ги беа направиле неговите татковци, 13самиот ја отстрани својата баба Мака да не биде царица, зашто ѝ беше направила гад на Ашера. Аса го исече нејзиниот гад и го спали во потокот Кедрон. 14Ама високите места не беа уништени; сепак Асиното срце Му беше приврзано на Господа за време на сиот негов живот. 15Ги внесе во Господовиот Дом посветените дарови на татка си и своите: сребро, злато и садови.
б. Војна меѓу Аса и Васа. Асина смрт
16Имаше војна меѓу Аса и Васа, израелскиот цар, во сите нивни денови. 17Израелскиот цар Васа нападна на Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да му го спречи секое движење на јудејскиот цар Аса. 18Тогаш Аса зеде сребро и злато, што останало во ризницата на Господовиот Дом и во ризницата на царскиот дворец, и им го даде на своите слуги та ги испрати кај Вен-Адад, синот Тамримов, синот Есионов, арамејски цар, кој престолуваше во Дамаск, и му порача: 19“Нека биде сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу мојот и твојот татко; еве, ти праќам дар - сребро и злато: ајде, раскини го сојузот со израелскиот цар Васа, за да отиде од мене.“ 20Вен-Адад го послуша царот Аса и ги испрати своите војсководачи против израелските градови, та тие ги покорија Ијон, Дан, Авел-Вет-Мака, сиот Хинерот и сета Нефталимова Земја. 21А кога Васа научи за тоа, прекрати да ја утврдува Рама, и се врати во Терса. 22Царот Аса ги повика сите Јудејци, без исклучок, и тие ги однесоа камењата и дрвото со кои Васа ја утврдуваше Рама, и царот Аса ги утврди со тоа Венијаминовата Гева и Миспа. 23Другата Асина повест, сите негови победи, и сѐ што направи, и градовите што ги утврди, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви? А на старост боледуваше од нозете. 24Аса почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во градот на Давида, својот прататко. Неговиот син Јосафат се зацари место него.
Д. Блиски Јеровоамови наследници во Северно Царство
1. Надав
25Надав, синот Јеровоамов, стана цар на Израел, во втората година на Асиното царување со Јудеја, и владееше со Израел две години. 26Правеше зло во очите на Господа. Одеше по патот на својот татко и го поддржуваше неговиот грев на кој го наведуваше Израел.
27Васа, синот Ахиин, од Исахаровиот дом, се побуни против него и го уби во Гиветон, кој им припаѓаше на Филистејците, и што Надав и сиот Израел го опсадија. 28Васа го уби во третата година на Асиното царување со Јудеја, и завладеа место него. 29Кога стана цар, ја погуби сета Јеровоамова куќа и не поштеди никого од Јеровоамовите додека не ги истреби сите според словото што Господ го кажа преку својот слуга Ахиј од Сило. 30Заради гревовите што ги направи и на кои го наведуваше Израел, и за оскрбувањето со кое го разгневил Господа, Израелевиот Бог.
31Другата Надавова повест, и сѐ што направил, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви? 32Меѓу Аса и Израелевиот цар Васа владеше војна во сите нивни денови.
2. Васа
33Во третата година на Асиното царување со Јудеја, Васа, синот Ахиин, стана цар над сиот Израел во Терса, и владееше дваесет и четири години. 34Правеше зло во Господовите очи, и одеше по патот на Јеровоам и на неговите гревови со кои ги заведуваше Израелците.
Селектирано:
1 ЦАРЕВИ 15: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: