1 ЦАРЕВИ 14
14
В. Јеровоамов дом
1. Пророштво на Ахиј за смрт на Јеровоамов син
1Во она време се разболе Авиј, синот Јеровоамов, 2и Јеровоам ѝ рече на својата жена: „Стани и преоблечи се за да не те препознаат дека си Јеровоамова жена; и оди во Сило. Таму е пророкот Ахиј: оној кој ми прорече дека ќе бидам цар на овој народ. 3И понеси десет лебови, колачиња и сад со мед и оди кај него! Тој ќе ти каже што ќе биде со детето.“ 4И Јеровоамовата жена направи така: стана, отиде во Сило и влезе во Ахиевата куќа. А тој веќе не гледаше, очите му ослабеа од длабока старост. 5Но Господ му рече: „Еве доаѓа Јеровоамовата жена за да бара од тебе совет за својот син, зашто е болен; а ти ќе ѝ речеш така и така. Кога ќе влегува, ќе се преправа како да е друга.“ 6Кога Ахиј го чу шумот на нејзините чекори на вратата, ѝ рече: „Влези, Јеровоамова жено! Што се преправаш дека си друга, кога имам тешка вест за тебе? 7Оди, речи му на Јеровоам: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „Те подигнав од народот и те поставив кнез над Мојот народ Израел, 8го истргав царството од Давидовата куќа и ти го дадов тебе. Но ти не беше како Мојот слуга Давид, кој ги пазеше Моите заповеди и кој Ме следеше со сето свое срце, и кој правеше само она што е праведно во Моите очи. 9Ти постапуваше уште полошо од своите претходници, отиде и си направи за себе други богови, ги излеа нивните ликови за да Ме дразниш, Мене Ме фрли зад плеќи. 10Затоа, еве пуштам зло на Јеровоамовата куќа, ќе ги истребам од Јеровоамовата куќа: сѐ што моча покрај ѕидот, робовите и слободниците во Израел; Јас ќе ја изметам без трага Јеровоамовата куќа како што се мете нечистотата, за да не остане ништо. 11Оние кои, од Јеровоамовата куќа, ќе умрат во градот, ќе ги изедат кучињата, а оние кои ќе умрат во полето, ќе ги изедат небеските птици.“ Така рече Господ.’ 12Ти стани и тргни кон својот дом: туку штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре. 13Сиот Израел ќе го оплаче и ќе го погребе. Тој единствено, од Јеровоамовата куќа, ќе биде положен во гроб, зашто единствено во него се најде нешто во Јеровоамовиот дом што му се допадна на Господа, Израелевиот Бог. 14Господ ќе си постави цар над Израел, и тој ќе ја истреби Јеровоамовата куќа. Еве го денот! Што? Дури и мигот! 15Господ ќе го удри Израел, па ќе се ниша како трска во водата. Ќе го откорне Израел од оваа добра земја, што им ја даде на нивните татковци, и ќе ги расее од онаа страна на Реката, зашто си направија за себе ашери што го расрдуваат Господа. 16Ќе го отфрли Израел како буниште, заради гревовите што ги направи Јеровоам и на кои го наведуваше Израел.“
2. Јеровоамова смрт
17Јеровоамовата жена стана и си отиде. Стигна во Терса, а кога преминуваше преку куќниот праг, детето беше мртво. 18Го закопаа, и сиот Израел го оплака според зборот што Господ го рече преку Својот слуга пророкот Ахиј. 19Другите Јеровоамови дела, како војуваше и царуваше, тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви. 20Јеровоамовото царување траеше дваесет и две години, потоа Јеровоам почина покрај своите татковци, а неговиот син Надав зацарува место него.
Г. Јудејско Царство
1. Ровоам, Соломонов син
а. Отстапништво на Јуда
21Ровоам, синот Соломонов, беше јудејски цар; имаше четириесет и една година кога стана цар, а седумнаесет години царуваше во Ерусалим, во градот што Господ го избра меѓу сите израелски племиња за да го постави таму Своето Име. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. 22И Јуда направи зло во Господовите очи. Со гревовите што ги направија го разјарија повеќе од сѐ што направија нивните татковци. 23Зашто и тие подигнаа високи места, столбови и ашери на секое ритче и под секое зелено дрво. 24Имаше и посветени блудници (содомци) во земјата. Ги поддржуваше сите грозотии на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.
б. Египетскиот цар Сисак го зазема Ерусалим
25Во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим. 26Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сѐ; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон. 27Место нив царот Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата што ја чуваа вратата на царскиот двор. 28Кога царот одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата на телохранителите.
в. Ровоамова смрт
29Другата Ровоамова повест, сѐ што направил, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на царевите на Јудеја? 30За сето време имаше војна меѓу Ровоам и Јеровоам. 31Ровоам почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во Давидовиот Град. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. На негово место се зацари неговиот син Авијам.
Селектирано:
1 ЦАРЕВИ 14: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: