Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЦАРЕВИ 7

7
3. Опис на царски дворец
1Соломон изгради и свој дворец: потполно го заврши за тринаесет години. 2Го изгради дворецот од ливанска гора: сто лакти долг, педесет широк и триесет лакти висок, на четири реда кедрови столбови, а на столбовите беа кедрови греди. 3Беше покриен со кедровина над собите што почиваа над столбовите. Овие ги имаше четириесет и пет: петнаесет во секој ред. 4Имаше три редици прозорци: по три прозорци гледаа еден кон друг. 5Сите врати со довратниците беа четвртести, и по три прозорци стоеја еден спрема друг.
6Направи трем од столбовите, педесет лакти долг и триесет широк. 7Потоа го изгради престолниот трем, каде што судеше; и судиски трем, обложен со кедровина од подот до покривот. 8Неговото престојувалиште, во другиот двор и во внатрешноста на дворот беше со ист облик. Ѝ изгради и куќа, слична на оној трем, на фараоновата ќерка, со која беше оженет.
9Сите тие згради беа од одбран камен, сечен по мера, а делкан одвнатре и однадвор, од основите сѐ до дрвените спојници, а надвор сѐ до големото преддворје. 10Основите им беа од одбран, голем камен: од десет и од осум лакти, 11а надградбата од одбран, по мера делкан камен и од кедровина. 12А три реда делкан камен и ред кедрови греди го опкружуваа големиот двор, а исто и внатрешниот двор на Господовиот Дом.
4. Хирамови вештини
13Соломон испрати по Хирама од Тир. 14Тоа беше син на вдовица од Нефталимовото племе, ама татко му беше од Тир, ковач на бронза. Беше полн со вештини, умеење и знаење да изработува сѐ од бронза. Тој дојде кај царот Соломон и му ја сврши сета работа.
5. Леење на два бронзени столба
15Одлеа два столба од бронза; едниот столб беше висок осумнаесет лакти, а мерен со конец наоколу имаше дванаесет лакти, исто така и другиот. 16И направи две глави од бронза за да се стават врз столбовите; едната глава беше висока пет лакти, и другата беше пет лакти висока. 17Направи две мрежи во вид на плетенки и верижна жица за да ги покријат главите на вратот на столбовите; седум за едната глава и седум за другата. 18Тогаш изработи калинки: беа во два реда околу секоја мрежа. И ја покриваа главата на врвот на столбот. Исто направи врз другата глава. 19Главите на врвот на столбовите пред тремот имаа облик на лотоси, од четири лакти. Стоеја на двата столба кај испакнатината што беше спрема мрежата. Две стотини калинки беа околу првата глава и двеста околу другата. 21Подигна столбови пред тремот на Светилиштето; едниот го стави на десната страна и го нарече Јахин; постави друг столб на левата страна и му го даде името Воас. 22Изработените лилјани ги постави на самиот врв на главите. И така ги доврши столбовите.
6. Море од бронзена ковина
23Тогаш од бронзена ковина излеа море што мереше десет лакти од работ до работ; беше кружно наоколу, пет лакти високо, а во опсег, мерено со врвца, имаше триесет лакти. 24Под работ му беа украси како цветни чашки, кои го опточуваа сосем: по десет на лакат го опточуваа морето наоколу; цветните чашки беа во два реда, и беа излеани со него. 25Лежеше врз дванаесет волови: три гледаа на север, три на запад, три на југ, а три на исток; морето стоеше врз нив, и сите беа свртени со задниот дел кон внатре. 26Беше дебело една дланка, работ му беше како раб на чаша, како лилјанов цвет, а можеше да прими две илјади мери - вати.
7. Десет бронзени мијалници со подножја
27Направи десет бронзени подножја; секое беше четири лакти долго, четири лакти широко, а три лакти високо. 28Подножјата беа изработени вака: имаа рамки, а рамките стоеја меѓу препреките. 29На рамките меѓу пречките беа лавови, волови и херуви; а врз самите препреки, како над лавовите и воловите така и под нив, беа украси како венци. 30Секое подножје имаше четири бронзени тркала и оска од бронза; нивните четири нозе имаа држачи; под мијалникот држачите беа слеани со украсите. 31Горе, каде што се составуваа држачите, беше отворот на подножјето; имаше лакат ипол; отворот беше кружен, во вид на украсен сад, а врз него беа врежани и украси; ама препреките беа четвртести, а не кружни. 32Четири колца беа под пречката. Оските им излегуваа на подножјето; секое колце беше високо лакат ипол. 33Тркалата беа слични на тркалата на обични коли: нивните оски, наплатите, шпиците и главинките - сѐ беше излеано. 34Имаше четири држачи на четирите агли на секое подножје; подножјето и држачите составуваа една целина. 35При врвот на подножјето имаше круг висок половина лакат; врз подножјата имаше клинови; препреките составуваа целина со нив. 36По страните на клиновите и на препреките врежа херуви, лавови и палми, колку што му дозволуваше местото и на венците наоколу. 37Така направи десет подножја: еднакво излеани, со еднаква големина и облик. 38И направи десет мијалници од бронза. Секој мијалник содржеше четириесет вати, а секој мијалник беше од четири лакти; на секое од десетте подножја доаѓаше по еден мијалник. 39Постави пет подножја на десната страна, а пет на левата страна на Храмот; а морето го постави од десната страна на Храмот, кон југоисток.
8. Други украси на Храмот
40Хирам направи грнци, лопати и котлиња. Тој ја приврши сета работа што му ја обавуваше на царот Соломон за Господовиот Дом: 41два столба, кружните глави што беа на врвот на столбовите; двете мрежи за да ги покриваат двете глави што беа на врвот на столбовите; 42четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете глави на столбовите; 43десет подножја и десет мијалници на подножјата; 44едно море и дванаесет волови под него;
45грнци, лопати и котлиња. Сите тие предмети што му ги направи Хирам на царот Соломон за Господовиот Дом беа од блескава бронза. 46Царот заповеда да го излеваат сѐ тоа во глинени калапи, во Јорданската Долина, меѓу Сохот и Сартан. 47На крај Соломон одреди да ги распоредат сите тие предмети, а ги имаше толку што не можеше да се пресмета тежината на бронзата.
9. Златни садови
48Соломон ги направи сите предмети кои што беа во Господовиот Дом: златниот жртвеник и златниот стол врз кој стоеја лебните приноси; 49петте светилници од десната и од левата страна пред Светина над светините, од чисто злато: цветови, светилки, клешти од злато; 50врчвите, ножовите, котлињата, темјаниците и кадилниците од чисто злато; стожерите за вратата на внатрешната дворана - тоа е Светина над светините - и за вратата на Светилиштето - односно на Храмот - сѐ од злато. 51Така беше приведена кон крај сета работа што Соломон ја изврши за Господовиот Дом. Соломон ги внесе сите свети дарови на татка си Давида - среброто, златото и садовите - и ги стави во ризницата на Господовиот Дом.

Селектирано:

1 ЦАРЕВИ 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се