1 ЦАРЕВИ 8
8
Ж. Осветување на Храм
1. Пренесување на Ковчег во Храм
1Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите Израелеви старешини, сите племенски кнезови и семејните главатари, за да се пренесе Ковчегот на Господовиот Завет од градот, од Давидовиот Град, односно од Сион. 2Сите Израелеви луѓе се собраа пред царот Соломон на празникот во месецот Етаним (односно седмиот месец). 3И кога дојода Израелевите старешини, свештениците ги понесоа Ковчегот и Шаторот на средбата со сиот посветен прибор што беше во Шаторот. Ги пренесуваа свештениците и левитите. 5Царот Соломон и сета Израелева заедница, која се собра околу него, жртвуваа пред Ковчегот толку овци и говеда да не можеа да бидат преброени ни проценети. 6Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во внатрешното светилиште на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите. 7Имено, херувите имаа раширени крилја над местото каде што стоеше Ковчегот, и ги засолнуваа одозгора Ковчегот и неговите драгови. 8Драговите беа толку долги така што краевите им се гледаа од Светилиштето спроти Светината над светините, но не се гледаа однадвор. Таму останаа до денес. 9Во Ковчегот немаше ништо освен двете камени плочи што ги стави Мојсеј во Хорив, каде што Господ склучи Завет со Израелевите синови откако излегоа од Египет. 10А кога свештениците излегоа од Светилиштето, облак го исполни Господовиот Дом, 11и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!
12Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека благоволи, да престојува во облак; 13а јас Ти изградив Дом, место, за да престојуваш во него засекогаш!“
2. Соломоново слово
14И откако се сврти, царот го благослови целиот израелски собор, а сиот израелски собир стоеше. 15Тој рече: „Нека е благословен Господ, Израелевиот Бог, Кој со Својата рака го исполни ветувањето што со Својата уста му го даде на мојот татко Давид, велејќи: 16’Од денот кога го изведов Својот народ од Египетската Земја, не избрав град меѓу ниедно Израелево племе, за да се изгради во него Дом, каде што би престојувало Моето Име, туку го избрав Давида за да заповеда тој со Мојот народ Израел.’ 17Татко ми Давид науми да Му подигне Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог, 18ама Господ му рече: ‘Си наумил да му подигнеш Дом на Моето Име, и добро направи, 19но ти нема да го подигнеш тој Дом, туку твојот син кој ќе излезе од твоето крило, тој ќе му подигне Дом на Моето Име.’ 20Господ го исполни Своето ветување: го наследив својот татко Давид и седнав на Израелевиот престол, како што вети Господ, и му подигнав Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог, 21и одредив таму да биде местото на Ковчегот во кој е Заветот што Господ го склучи со нашите татковци, кога ги изведе од Египетската Земја.“
3. Соломонова молитва
22Тогаш Соломон стапи, во присуство на сиот Израелев собир, пред Господовиот жртвеник, ги рашири рацете кон небото 23и рече: „Господи, Израелев Боже! Ниеден бог не Ти е сличен ни на небесата ни долу на земјата, Тебе Кој ги пазиш Заветот и љубовта кон Своите слуги, што чекорат пред Тебе со сето свое срце. 24На Својот слуга Давид, на мојот татко, Ти му исполни што Си му ветил. Што Си ветил со Својата уста, го исполни со Својата рака токму денес. 25Сега, Господи, Израелев Боже, исполни му на Својот слуга, на мојот татко Давид, што Си ветил кога Си рекол: ‘Нема пред мене да ти снема наследник кој ќе седи на Израелевиот престол, само ако твоите синови ќе ги чуваат своите патишта, одејќи по Мојот закон како што си одел ти пред Мене.’ 26И сега Господи, Израелев Боже, нека се исполни Твоето ветување што Си му го дал на Својот слуга Давид, на мојот татко!
27Но зар Бог навистина ќе престојува среде луѓето на земјата? Та небесата ни небесата над небесата не можат да Го опфатат, а камоли овој Дом што сум го изградил! 28Внимателно послушај ги молитвата и викањето на Својот слуга, Господи, Боже мој, та послушај ги викањето и молитвата што Твојот слуга Ти ја упатува Тебе! 29Нека Твоите очи дење и ноќе бидат отворени над овој Дом, над ова место за кое што рече: ‘Тука ќе биде Моето Име.’ Послушај ја молитвата со која Твојот слуга ќе се моли на ова место. 30И послушај ја молитвата на Твојот слуга и на Твојот Израелски народ, кога тие ќе се молат на ова место. Послушај од местото каде што престојуваш, од небесата и смилувај се. 31Ако некој згреши против ближниот и ако му се нареди да се заколне, а заклетвата дојде пред Твојот жртвеник во овој Дом, 32тогаш Ти чуј ја на небото и постапувај и суди им на Твоите слуги, осуди го виновникот свртувајќи ги неговите дела на неговата глава, а невиниот ослободи го постапувајќи со него според неговата невиност.
33Ако Твојот народ биде разбиен од непријателот зашто Ти згрешил Тебе, ама ако сепак се обрати кон Тебе и ако го прослави Твоето Име и ако се помоли во овој Дом, 34тогаш чуј го Ти тоа од небото, прости му ги гревовите на Својот Израелски народ и доведи го назад во земјата што им ја даде на нивните татковци. 35Кога ќе се затвори небото и не ќе падне дожд зашто Ти згрешиле Тебе, па ако Ти се помолат на ова место и ако го прослават Твоето Име и ако се одвратат од својот грев кога ќе ги понижиш Ти, 36тогаш чуј ги Ти на небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот Израелски народ, покажувајќи им го добриот пат по кој да одат, и пушти дожд на земјата што му ја даде во наследство на Својот народ.
37Кога во земјата ќе завладеат глад, помор, суша и гламница, и кога ќе надојдат скакулци, гасеници, кога непријателот на овој народ притисне некоја од неговите врати, или кога ќе биде некоја друга неволја или болест, 38ако некој човек, или сиот Твој народ, ја почувствува тешкотијата на своето срце па упати молитва или просење та ги рашири рацете кон овој Храм, 39Ти чуј од небото, од местото каде што престојуваш, и прости и постапи; врати му на секој човек според неговиот пат, зашто Ти го познаваш неговото срце - единствено Ти ги познаваш срцата на сите - 40за да се бојат од Тебе секогаш во сите дни додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.
41Па и туѓинецот, кој не е од твојот Израелски народ, туку пристигнал од далечна земја заради Твоето Име, 42зашто чул за Твоето големо Име, за Твојата силна рака и за Твојата подигната мишка - ако дојде и ако се помоли во овој Храм, 43послушај го од небото, каде што престојуваш, послушај ги сите негови извикувања, за да го запознаат сите земни народи Твоето Име и за да се бојат од Тебе како Твојот народ Израел, и за да знаат дека Твоето Име е повикано над овој Дом што го изградив.
44Ако Твојот народ тргне против непријателот, по пат по кој што ќе го упатиш Ти, и ако Му се помоли на Господа, свртен кон овој град што си го избрал и кон Домот што му го изградив на Твоето Име, 45послушај му ги од небото молитвата и просењето, и направи му правда.
46Кога ќе Ти згрешат, зашто нема човек кој не греши, а Ти, откако ќе се насрдиш на нив, ќе ги предадеш на непријателите да ги заробат и да ги одведат како робје во далечна или во блиска земја, 47па ако се покајат со срцето во земјата во која ќе бидат доведени и ако почнат да Те молат за милост во земјата на своите освојувачи, велејќи: ‘Згрешивме, бевме лоши и опаки,’ 48и ако така се обратат кон Тебе со сето срце и со сета душа во земјата на своето ропство во која ќе бидат доведени како робови, и ако се помолат свртени кон земјата што Ти им ја даде на нивните татковци, и кон градот што си го избрал, и кон Домот што му го изградив јас на Твоето Име, 49послушај ги од небото, каде што престојуваш, нивната молба и нивните просења, 50направи им правда, и прости му на Својот народ зашто згреши против Тебе, прости ги сите навреди што ти ги нанесе, направи за да му се смилуваат освојувачите и за да бидат милостиви спрема него, 51бидејќи тие се Твој народ и Твое наследство, нив ги изведе од Египет, од вжерената печка. 52Твоите очи нека бидат отворени за молитвата на Твојот слуга и за просењата на Твојот народ Израел, за да ги чуеш сите нивни молби што ќе Ти ги упатат Тебе. 53Зашто Ти ги оддвои од сите народи на земјата за Свое наследство, како што објави преку Својот слуга Мојсеј, кога ги изведе нашите татковци од Египет, о Господи, Боже!“
4. Соломон го блегословува народот
54Откако Соломон ги доврши сета оваа молитва и просењето пред Господа, се дигна од местото каде што клечеше, со раширени раце кон небото, пред Господовиот жртвеник, 55па истапи та го благослови сиот Израелев собор со силен глас: 56“Благословен Господ, Кој на Својот народ Израел му даде мир во сѐ како што вети; не пропадна ниту едно од Неговите убави ветувања, кои им ги даде на Својот слуга Мојсеј. 57Господ, нашиот Бог, нека биде со нас како што беше со нашите татковци, и нека не нѐ напушта и отфрла. 58Нека ги приклони нашите срца кон себе, за де одиме по сите Негови патишта и за да ги пазиме Неговите заповеди, закони и одредби што им ги даде на нашите татковци. 59Овие мои зборови, што ги изнесов скромно пред Господа, да бидат постојано, дење и ноќе присутни пред Господа, нашиот Бог, за да би им правел, ден по ден, правда на Својот слуга и справедливост на Својот народ Израел, 60за да познаат така сите народи на земјата дека Господ е Единствен Бог, и дека нема друг. 61А вашето срце нека му биде потполно верно на Господа, нашиот Бог, пазејќи ги Неговите закони и држејќи ги Неговите заповеди како денес!“
5. Жртвопринесувања и празник
62Царот и сиот Израел со него Му принесоа жртва на Господа. 63Како помирителна жртва, која му ја принесе на Господа, Соломон принесе дваесет и две илјади волови и сто и дваесет илјади овци; со тоа царот и сиот Израел го посветија Господовиот Дом. 64Во тој ден царот го посвети средиштето на преддворјето, што е пред Господовиот Дом, зашто таму ги принесе палениците, лебните приноси, и мрсното од помирителните жртви, зашто бронзениот жртвеник пред Господа беше премал за да ги прими палениците, лебните приноси и помирителните жртви.
65Таа свеченост во она време Соломон ја славеше седум денови, со сите Израелци, со големиот собор од Влезот во Хамат до Египетската Река, пред Господа, нашиот Бог. 66Потоа на осмиот ден ги отпушти луѓето; тие го благословуваа царот и си одеа во своите куќи, весели и со задоволни срца заради сето добро што Господ му го направи на Својот слуга Давид и на Својот народ Израел.
Селектирано:
1 ЦАРЕВИ 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: