1 ЦАРЕВИ 9
9
З. Божјиот Завет со Соломон. Ветувања и предупредувања
1Кога Соломон го доврши градењето на Господовиот Дом, на царскиот дворец и на сѐ што науми да гради, 2Господ му се јави и по вторпат на Соломона, како што му се јави во Гаваон. 3Господ му рече: „Ги послушав молитвата и просењето што Ми ги упати. Го посветив овој Дом, што го градеше за да престојува во него Моето Име довека; Моите очи и срцето ќе бидат тука секогаш. 4А ти, ако одиш пред Мене како што одеше твојот татко Давид, во невиноста на срцето и во праведност, ако постапуваш во сѐ како што ти заповедав, и ако ги пазиш Моите закони и Моите наредби, 5Јас ќе го зацврстам засекогаш твојот царски престол над Израел, како што му ветив на твојот татко Давид кога му реков: ‘Никогаш нема да ти снема наследник на Израелевиот престол.’ 6Но ако Ме оставите, вие и вашите синови, ако не ги пазите Моите заповеди и закони што ви ги дадов, ако се свртите кон боговите, и ако им служите и им се клањате, 7тогаш ќе го истребам Израел од земјата што му ја дадов; овој Дом, што му го посветив на Моето Име, ќе го отфрлам од Себе, и Израел ќе биде за презир и за потсмев на сите народи. 8Овој Дом е возвишен, ама сите кои што ќе поминуваат покрај него ќе бидат вчудоневидени; ќе свират со уста и ќе зборуваат: ‘Зошто Господ направи така со оваа земја и со овој Дом?’ 9А ќе им се рече: ‘Зашто Го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе нивните татковци од Египет, а им се приклонија на други богови, ги честеа и им служеа, затоа Господ ги пушти сите овие зла врз нив.’“
Ѕ. Соломоново управување и негови приходи
10После дваесет години, во кои Соломон ги изгради двете згради, Господовиот Дом и царскиот дворец, 11а Хирам, царот на Тир, му набавуваше кедрово и чемпресово дрво, и злато колку што сакаше, тогаш царот Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската Земја. 12Хирам излезе од Тир за да ги види градовите што му ги подари Соломон, ама не му се допаднаа. 13И рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате?“ И оттогаш ги викаат „Земја Кабул“ до денешниот ден. 14А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет златни таланти.
15Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер. 16Фараонот, египетскиот цар, тргна во воен поход, го освои Гезер, ги изгоре и ги погуби Хананците кои што живееја таму, потоа ѝ го даде градот како свадбен подарок на својата ќерка, Соломоновата жена, 17а Соломон ги обнови Гезер, Долниот Вет Орон, 18Валат, Тадмор во пустината во земјата, 19сите градови - складови што ги имаше Соломон, градовите за бојни коли, и градовите за коњицата, и сѐ што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и во сите земји што му беа подвластени. 20На сите други: на Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци, 21на синовите нивни што останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа, Соломон им наметна тежок данок до денешниот ден. 22Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови, туку тие му беа воини, дворјанци, војсководачи, триесетници, заповедници на неговите бојни коли и на коњицата. 23А еве ги надзорниците кои што управуваа со Соломоновите работи: нив пет стотини и педесет, кои му заповедаа на народот вработен во работите.
24Штом фараоновата ќерка влезе од Давидовиот Град во куќата што Соломон ѝ ја беше изградил, тогаш тој го изгради Мило. 25Соломон трипати годишно принесуваше паленици и помирителни жртви на жртвеникот што Му го подигна на Господа, кадеше пред Господа. Така го доврши Храмот.
26Царот Соломон изгради бродови во Есион Гавер, што е покрај Елот, на брегот на Црвеното Море, во Едомската Земја. 27Хирам испрати на тие бродови свои слуги, морнари кои го познаваа морето, со Соломоновите слуги. 28Тие отпловија во Офир, зедоа оттаму четири стотини и дваесет таланти злато и му ги донесоа на царот Соломон.
Селектирано:
1 ЦАРЕВИ 9: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: