Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 10

10
Апостолова одбрана
1А јас самиот, Павле, ве молам заради Христовата кротост и благост; јас, кој сум смирен пред вас, кога сум меѓу вас, но сум смел кон вас, кога сум далеку од вас; 2ве молам кога ќе бидам при вас, да не треба да истапам со онаа смелост, со која мислам да истапам против некои, кои мислат дека ние одиме по телото. 3Зашто, иако живееме во телото, не војуваме со телото, 4зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини, 5па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа; 6и готови сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност. 7Зар надворешно гледате на работите? Ако е некој уверен во себе дека е Христов, нека го размисли уште еднаш во себеси ова: како што е тој Христов, така сме и ние! 8Зашто, ако се пофалам и малку повеќе со нашата власт, што Господ ни ја даде за ваше издигање, а не за ваша пропаст, нема да се засрамам; 9за да не се покажам дека ве заплашувам со писмата, 10зашто, „писмата се, велат некои, значајни и силни; но при личното присуство тој е слаб, а зборот му е презрен.“
12Имено, ние не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои, кои се препорачуваат сами себеси; но не постапуваат разумно, зашто се мерат сами со себе и се споредуваат сами со себе. 13А ние не сакаме да се фалиме преку мерка, туку само според мерката на правилото, што Бог ни ја определил како мерка, за да достигнеме и до вас. 14Зашто, ние не преминуваме преку мерката, како да не сме достигнале до вас; зашто ние стигнавме и до вас со Евангелието на Христа. 15Не се фалиме преку мерка со туѓи напори, туку се надеваме дека ќе се возвеличиме изобилно меѓу вас, според нашата мерка, кога ќе порасне вашата вера; 16и да го проповедаме Евангелието подалеку од вас, а да не се фалиме со она што е направено во границите, што им се определени на други. 17“Кој се фали, во Господа да се фали.“ 18Зашто, не е достоен кој самиот се препорачува, туку оној кого Господ го препорачува.

Селектирано:

2 КОРИНТЈАНИТЕ 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се