Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ТИМОТЕЈА 3

3
Последни денови
1А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, 2зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; 3без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, 4предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, 5кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! 6Зашто од нив се оние кои се вовлекуваат во куќите и ги измамуваат простите жени натоварени со гревови, кои се водени од различни страсти, 7кои учат секогаш, а никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината. 8И како што Јаниј и Јамвриј му се спротивија на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината, луѓе со изопачен ум, отфрлени во обѕир на верата. 9Но нема да напредуваат веќе, зашто нивното безумие ќе се открие пред сите, како што се откри и на оние двајца.
Приклучни упатства
10А ти го следеше моето учење, начинот на живеење, замислата, верата, долготрпението, љубовта, трпението, 11гонењата, страдањата што ми се случија во Антиохија, Иконија и Листра. Какви гонења претрпев, и Господ ме избави од сите! 12А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети, 13додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени. 14А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и 15зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
16Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, 17за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

Селектирано:

2 ТИМОТЕЈА 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се