ДЕЛА 12
12
Јаковово мачеништво. Петар во темница
1Во тоа време царот Ирод се зафати да измачува некои, кои ѝ припаѓаа на црквата. 2И го погуби со меч Јовановиот брат Јаков. 3И кога виде дека тоа им се допадна на Јудејците, го фати и Петра, а беа денови на бесквасните лебови. 4Го фати и го фрли во темница, предавајќи им го на четири стражи - од по четири војника - да го чуваат, со намера да го изведе пред народот по Пасхата. 5И така, Петра го чуваа во темницата, а црквата постојано Му се молеше на Бога за него. 6И кога Ирод сакаше да го изведе, во истата ноќ Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни вериги, а стражарите пред вратата ја чуваа темницата. 7И ете, Господов ангел застана и светлина блесна во собата. Тој го чукна Петра по ребрата, го разбуди и му рече: „Стани бргу!“ И веригите му паднаа од рацете. 8Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј ги своите сандали!“ Петар направи така. И му рече уште: „Наметни ја својата облека и дојди по мене!“ 9И излезе и тргна по него и не знаеше, дека тоа што ангелот го направи е вистинско, но мислеше дека гледа привид. 10Така ги изминаа првата и втората стража и дојдоа до железната врата, која води во градот; таа им се отвори сама. И излегоа и преминаа една улица, а ангелот веднаш отстапи од него.
11И кога Петар дојде на себеси, рече: „Сега навистина знам дека Господ го пратил Својот ангел, и ме избави од Иродовата рака и од сѐ што очекуваше јудејскиот народ.“ 12Согледувајќи го тоа, дојде до куќата на Марија, мајката на Јована, наречен Марко - каде беа собрани мнозина да се молат. 13И кога чукна на дворната врата, дојде слугинката, по име Рода, да наслушне. 14И кога го препозна Петровиот глас, од радост не ја отвори вратата, туку втрча и јави дека Петар стои пред вратата. 15А тие ѝ рекоа: „Ти си луда!“ Но таа и натаму тврдеше дека е вистина. Тие рекоа: „Тоа е неговиот ангел.“ 16А Петар продолжуваше да чука. И кога ја отворија вратата, го видоа и се восхитија. 17Тој им мавна со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од темница и рече: „Јавете им за ова на Јакова и на браќата!“ Потоа излезе и отиде на друго место.
18А кога се раздени, настана не мал смут меѓу војниците: што бидна со Петра? 19И кога го побара, и не го најде, Ирод ги сослуша стражарите и заповеда да ги погубат, и слезе од Јудеја во Ќесарија и таму престојуваше.
Иродова смрт
20И беше гневен на Тирците и Сидонците, но тие дојдоа еднодушно при него, и откако го придобија царевиот собар Власта, замолија за мир, зашто нивната земја внесуваше храна од царската земја. 21Во определениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот пред народот и одржа говор пред нив. 22А народот извика: „Глас Божји, а не човечки!“ 23Тогаш веднаш, Господов ангел го удри, зашто не му воздаде слава на Бога, и беше изеден од црви и издивна.
24А Божјото слово растеше и се умножуваше. 25А Варнава и Савле, откако ја исполнија службата, се вратија од Ерусалим, земајќи го со себе Јована, наречен Марко.
Селектирано:
ДЕЛА 12: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.