Лого на YouVersion
Икона за пребарување

КОЛОСЈАНИТЕ 4

4
1Господари, правете им на робовите што е праведно и справедливо, знаејќи дека и вие имате Господар на небесата. 2Бидете постојани во молитвата, бдејте во неа со благодарност! 3Молете се уште и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на словото и за да ја навестиме тајната на Христа, заради која сум и во окови - 4и да ја откријам онака, како што треба да зборувам. 5Постапувајте мудро кон оние, надворешните, ползувајќи го времето. 6Вашето слово секогаш да е љубезно, зачинето со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому.
Поздрави
7За мене ќе ви рече сѐ Тихик, возљубен брат и верен слуга и соработник во Господа, 8кого го испраќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и да ги утеши вашите срца, 9заедно со верниот и возљубен брат Онисим, кој е од вас. Тие ќе ви соопштат како е тука.
10Ве поздравува Аристарх, мојот другар во темницата, и Марко, внукот Варнавин, за кого примивте упатства; ако дојде при вас примете го 11и Исус, наречен Јуст. Од обрезаните овие се единствени, кои ми помагаат за Божјото Царство и кои ми беа утеха. 12Ве поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на Христа Исуса, кој секогаш се бори за вас во молитви, за да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја волја. 13Сведочам за него дека има голема ревност за вас, и за оние во Лаодикија, и за оние во Ерапол. 14Ве поздравува возљубениот лекар Лука, и Димас. 15Поздравете ги браќата во Лаодикија; и Нимфан и неговата домашна црква. 16Кога ќе се прочита ова послание при вас, погрижете се да се прочита и во Лаодикијската црква! А она од Лаодикија, прочитајте го и вие! 17Речете му на Архип: „Внимавај на службата, која си ја примил во Господа, да ја исполниш!“
18Поздрав со мојата, Павлова рака. Спомнувајте си за моите окови. Благодат со вас!

Селектирано:

КОЛОСЈАНИТЕ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се