ПРОПОВЕДНИК 1
1
1Зборови на Проповедникот, Да-видовиот син, царот во Ерусалим. ПРОЛОГ: СУЕТА НАД СУЕТИ 2“Суета над суетите, вели Проповедникот, суета над суетите, сѐ е суета!“ 3Каква му е ползата на човекот од сиот негов труд, со кој се труди под сонцето? 4Едно поколение заминува, друго доаѓа, а земјата останува секогаш. 5Сонцето изгрева, сонцето заоѓа и тогаш брза кон своето место откаде изгрева. 6Ветерот дува кон југ, и се свртува кон север, виори сега наваму сега натаму, и се враќа во нов виор. 7Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек. 8Сѐ е мачно. Никој не може да рече дека очите се нагледаа до насита и дека ушите се наслушале достатно. 9Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето. 10Има ли нешто за што би можело да се рече: „Ете, ова е ново!“ Сѐ суштествуваше дамно пред нас. 11Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после. МУДРОСТ И ЗАДОВОЛСТВА Суета на човечка мудрост 12Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим. 13И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сѐ што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа. 14Видов сѐ што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот! 15Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи. 16Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.“ 17Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер. 18Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.
Селектирано:
ПРОПОВЕДНИК 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: