ПРОПОВЕДНИК 2
2
Б. Суета на насладување
1Тогаш реков во своето срце: „Дај да го испитам уживањето, и да видам што дава насладувањето“ - но ете: и тоа е празнина! 2За смеењето реков: „Лудост е!“ за уживањето: „Што ползува тоа?“ 3Си помислив во срцето да го веселам телото со вино, додека срцето сѐ уште се раководи одмудроста; посакав да ја прегрнам и лудоста, како би дознал дали ги усреќува луѓето она што го прават под небесата за време наизброените денови на својот живот.
В. Суета на богатство и труд
4Направив големи дела: изградив дворци за себе, посадив лозја; 5си направив градини и овоштарници, посадив во нив секакви овошки. 6Направив езера за да ги наводнувам посадените дрва. 7Купив робови и робинки, имав и домашни слуги, а исто и стада со крупен и ситен добиток повеќе од кој и да е друг пред мене во Ерусалим. 8Натрупав сребро и злато и скапоцености од царевите и покраините; набавив пејачи и пејачки и секакви човечки раскоши, сѐ сокровиште на сокровиште.
9И станав толку голем, поголем од кој и да е пред мене во Ерусалим; а не ме остави ни мојата мудрост. 10И што да ми посакаа очите, не им скратував, ниту му бранев на моето срце некаква веселба, туку моето срце му се радуваше на секој мој труд, и таква му беше наградата на секој мој напор. 11А тогаш ги разгледав сите свои дела, сите напори што ги вложив за да дојдам до нив - и ете, сѐ е тоа суета и гониветер! И нема полза под сонцето.
Г. Еднаква судбина и на глупец и на мудрец
12Потоа ја свртив мојата мисла кон мудроста, кон глупоста и кон лудоста. Што би направил човек кој дошол после царот? Освен тоа што е веќе направено. 13И сознав дека мудроста е подобра од лудоста, како што е светлината подобра од темнината. 14На мудрецот очите му се во главата, а безумниот скита во темнина. Но знам исто така дека двајцата ги стигнува иста коб. 15Затоа си реков во себеси: „Каква е судбината на лудиот, таква ќе ми е и мене. Зошто тогаш да сум помудар од другите?“ И реков во срцето: „И тоа е суета!“ 16Зашто ни мудриот ни безумниот немаат траен спомен: по некое време заборавот ќе ги покрие двајцата! И, мудрецот умира како и безумникот. 17Го замразив животот, зашто ми се стори тешко сѐ што се збиднува под сонцето: зашто сѐ е суета, и тежина на духот.
Д. Оставање наследство на глуп наследник
18Замразив сѐ за што се трудев под сонцето и што сега му го оставам на својот наследник. 19Кој знае дали тој ќе биде мудар или луд? Па сепак тој ќе биде господар на сета моја мака во која ги вложив сето свое напрегање и мудроста под сонцето. И тоа е суета. 20И почнав да очајувам заради големиот напор со кој се трудев под сонцето. 21Зашто човекот се труди мудро и со знаење и успешно, па сѐ тоа треба да го остави во наследство на друг, кој воопшто не се трудел околу тоа. И тоа е суета и големо зло. 22Зашто што добива човекот за својот напор и труд што ги поднесува под сонцето? 23Зашто сите негови денови се макотрпни, работите му се полни со грижи; па ни ноќе не мирува неговото срце. И тоа е суета.
Ѓ. Среќа во умереност
24Нема друга среќа за човекот освен да јаде и да пие и да биде задоволен со својата работа. И тоа е, гледам, дар на Божјата рака. 25Зашто кој може да јаде, кој може да се насладува, повеќе од мене. 26Тој му дарува мудрост, сознавање, радост на оној што Му е по волјата, а на грешникот му дава мака да собира и да натрупува за оној кој е по Божја волја. И тоа е суета и тежина на духот.
Селектирано:
ПРОПОВЕДНИК 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: