ПРОПОВЕДНИК 6
6
СУЕТА НА БОГАТСТВО И ПОЧЕСТИ
6:1-8:17
А. Ништожност на чесност и страсна желба
1И видов: има уште едно зло под сонцето, и тешко ги притиска луѓето: некому Бог му доделува богатство и имот и почести, па има сѐ што му сака душата. Но не му доделува тоа и да го јаде, туку ужива туѓинецот. Тоа е суета и тешко страдање. 3И велам: подобро е недоносено дете, од оној кој би родил сто деца и би живеел многу години, а самиот не би уживал во благото и не би имал погребение; 4зашто недоносеното дојде напразно и отиде во темнина, и името му е покриено со темнина; 5сонцето ниту го виде ниту го созна - а поспокојно е од оној. 6Па кога би живеел таков живот и две илјади години, а не би уживал во своето благо, зар не заминуваат двата еднакво на исто место?
7Човекот се труди само за да јаде, а неговата душа никогаш не се наситува. 8Зашто во што е мудрецот подобар од безумниот, и што да се рече за бедниот кој умее да се однесува пред луѓето? 9Подобро е да се види со очите отколку да се скита со желби. И тоа е суета и тежина на духот.
10Што веќе суштествуваше, има име; и се знае што е човек;
и тој не може да се суди со појакиот од себе. 11Зашто има многу нешта кои ја умножуваат суетата, и каква му е ползата на човекот од тоа? 12Кој знае што е добро за човекот во неговиот живот, за оние малку денови што така суетно ги живее, што му поминуваат како сенка? Кој ќе му каже на човекот што ќе биде после него под сонцето?
Селектирано:
ПРОПОВЕДНИК 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.